Стопанската комора почнува со активностите „За посилна македонска економија во периодот на постковид 19“


Со прес-конференцијата „Македонската економија во тековниот период и во постоковид 19 периодот“ што ќе се одржи денеска во Велес, Стопанската комора на Македонија ја почнува промоцијата под мотото „За посилна македонска економија во постковид 19 периодот“.

Во рамки на промоцијата, до крајот на декември ќе се реализираат повеќе коморски настани.

На темата „За посилна македонска економија во периодот на постковид 19“ е изготвена и брошура.

На денешната прес-конференција во Велес е најавено обраќање на проф. д-р Кочо Анѓушев, коосновач и извршен директор на компанијата „Брако“ и потпретседател на Стопанската комора на Македонија.