Орео по вкус на Леди Гага. Слатка соработка на поп-ѕвездата и брендот за кекси


САД– Орео ангажира суперѕвезда за следниот вкус.

Брендот за кекси објави дека соработува со Леди Гага на специјално тематскиот пакет на Орео, базиран на последниот албум на поп-ѕвездата, Хроматика.

Кексите се „Златен Орео во розова боја со крем во зелена боја“, велат од компанијата, а на обвивката ќе има дизајни инспирирани од албумот.

Новиот Oreo ќе биде достапен во пакувања со шест кекси од јануари, додека целосните пакувања на кексите Chromatica ќе пристигнат следната година.

Леди Гага својата слава ја користи во рекламирање на познати брендови, а последна соработка и беше со новиот парфем на Валентино Voce Viva.