Андреа ќе настапи 11-та во второто полуфинале на Евросонг во Торино


Швајцарија- ЕБУ  денеска го објави редоследот на настапите во двете полуфинални вечери, на 10 и 12 мај, во кои вкупно 35 земји ќе се натпреваруваат за пласман во финалето.  Нашата претставничка Андреа ќе настапи 11-та во второто полуфинале на 12 мај на 66. Евросонг во Торино, Италија. Од регионот ќе настапат и Србија и Црна […]

Белгија и Холандија протеруваат руски дипломати


Белгија –  Белгија протерува 21 руски дипломат поради наводно шпионирање и претставување закани за безбедноста, соопшти Министерството за надворешни работи. Руските дипломати се од амбасадата на Москва во Брисел и конзулатот во Антверпен. – Сите тие беа акредитирани како дипломати, но работеа на операции за шпионирање и влијание, изјави портпаролот на Министерството. Холандското Министерство за […]

Велика Британија го зајакнува военото присуство на Арктикот


Англија – Велика Британија има намера да го зајакне своето воено присуство на Арктикот, изјави денеска во Норвешка британскиот министер за одбрана Бен Волас. Велика Британија воено ќе работи на „подлабока интеграција и интероперабилност со земји како Норвешка“ за да го заштити Северното Море, рече Валас на прес-конференција во Бардуфос на северот на нордиската земја. Британскиот […]

Летонија, Кипар и Финска ќе бидат домаќини на Евробаскет 2025 година


Германија– Домаќини на Европското првенство во кошарка во 2025 година ќе бидат Летонија, Кипар и Финска. Ова е епилогот по денешното гласањето на делегатите на ФИБА-Европа. Летонија, Кипар и Финска ќе бидат домаќини на една од четирите групи. Финалната фаза на Евробаскет 2025 ќе се одржи во Летонија. Домаќин на уште една група на ЕП 2025 […]

Миќуновиќ: Освен што е омаж за Горан Стефановски, новата премиера е и мој омаж за славата на Драмски театар


Губењето на сигурноста, губењето на сопственото  уточиште во друштвено-политички околности, е тема на новата претстава „Моето име е Горан Стефановски“, во режија на Бранислав Миќуновиќ, чија премиерна изведба ќе се одржи задутре (31 март) во Драмски театар Скопје, по што на 1 и 2 април се предвидени уште две изведби. Претставата, како што беше речено […]

Џесика Честејн: Која е годинешната добитничка на Оскар за најдобра актерка?


САД – Добитничката на последниот „Оскар“ за најдобра женска главна улога, за филмот „Очите на Теми Феј“, Џесика Честејн мина трнлив пат во животот за да стане една од најбараните, најплатените и најпочитуваните актерки во Холивуд. Во 2012 година, „Тајм“ ја вброи меѓу највлијателни личности во светот, а таа редовно се појавува и на листите на […]

Двете лица на Холивуд – споменуваат бегалци, но ретко донираат за помош на украинскиот народ


САД– Секоја година на Оскарите, освен на заслужните филмски уметници, посебно внимание се посветува на фустаните, уникатните тоалети, спорадичните гафови, но и на подароците што ги добиваат номинираните. Годинава како никогаш досега јавноста „пука“, бидејќи вредноста на подарокот надмина 100.000 долари. Многумина беа огорчени од ваквото однесување во времето на војната во Украина, па повикаа […]

„Три дена култура 4“  во скопската гимназија „Никола Карев“ 


Младинскиот фестивал ,,Три дена култура 4” наменет за млади уметници, кој сите три дена е исполнет со уметност, оваа година по четврти пат ќе се одржи во скопската гимназија „Никола Карев“ на 14, 15 и 16 април! Првиот ден од фестивалот „Три дена култура 4” започнува на 14 април и е наменет за прикажување на […]

Тројца мртви во престрелка во Србија – убил пријателка, полицаец, а потоа се застрелал себе


Србија– Полициски службеник од полициската управа во Зајечар, Србија, со иницијали И. Ѓ. (28) е убиен синоќа на службена должност кога во него од огнено оружје пукал Д.З., соопшти српското МВР. Д.З. испукал два куршума кон полициски службеници, кои постапиле по пријави на граѓани дека во зграда на улицата „7 Септември“ се слушнале истрели. Притоа […]

„Манфред“ – концерт со јапонската виолинистка Сајака Шоџи во Филхармонија


Овој четврток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Манфред“ на кој како солистика ќе настапи јапонската виолинистка Сајака Шоџи, лауреатка на престижниот виолински натпревар „Паганини“. Диригент е Габриел Бебешелеа, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар во Де-дур, оп. 77 од Јоханес Брамс и Шестата симфонија од Л.В.Бетовен. Германскиот композитор и виртуоз на пијано Јоханес […]

На 7 мај избори за ново Претседателство на ДПМ


Изборно собрание односно редовни избори за Претседателство на Друштвото на писателите на Македонија, кое вклучува избор на претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, заедно со останатите членови на Претседателството на ДПМ, ќе се одржи на 7 мај 2022 (сабота) од 12 часот.  Гласањето ќе се одвива во просториите на ДПМ, со почитување […]

Санкционираните руски олигарси се добредојдени во Турција како туристи и инвеститори


Турција – Санкционираните руски олигарси се добредојдени во Турција како туристи и инвеститори, според министерот за надворешни работи на земјата, Мевлут Чавушоглу. CNBC прво ја објави приказната. Политичарот во интервју за Си-Ен-Би-Си на Форумот во Доха рече: „Ние спроведуваме санкции одобрени од ОН, па ако некој руски граѓанин сака да ја посети Турција, се разбира, […]

Мексико ќе го изнајмува претседателскиот авион за свадби и забави


МЕКСИКО – Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор во понеделникот изјави дека сега во суштина се откажал од својата донкихотска понуда да го продаде претседателскиот авион и ќе го изнајмува за свадби или забави. Лопез Обрадор призна дека владата не можела да го продаде авионот Боинг 787, кој тој го нарекува премногу луксузен и одбива […]

Од Бил Мареј до Тимоти Шаламе- актери со најстил на Оскарите 2022


САД– Речиси 24 часа подоцна, сè уште размислуваме за најдобро облечените актери на Оскарите 2022 година. Во неделата, на 27 март, во театарот „Долби“ во Лос Анџелес видовме ѕвезди како Даниел Калуја и Ендру Гарфилд кои внесуваат боја во традиционалната машка свечена облека, но видовме и повеќе смели погледи од млади ѕвезди како Тимоти Шаламе. […]

Блумберг престанува со работа во Русија и во Белорусија


Русија– Блумберг ЛП (Bloomberg LP), матичната компанија на Блумберг њуз, ја прекинува работата во Русија и во Белорусија поради воведените санкции. Но, медиумскиот проект на Блумберг ќе продолжи со работа, се наведува во соопштението на компанијата. Клиентите во Русија и во Белорусија нема да имаат пристап до ниту еден од финансиските производи на Блумберг. Во согласност […]

Песков: Русија нема да употреби нуклеарно оружје поради Украина


Русија – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за американската телевизија Пи-Би-Ес (ПБС) изјави дека Русија ќе посегне по кон нуклеарно оружје само ако нејзиното постоење е загрозено, а не поради исходот од конфликтот со Украина. – Имаме безбедносен концепт, што многу јасно кажува дека само кога постои закана по постоењето на државата можеме да […]

Џафери на конференција на спикери на парламенти на ЕУ на Брдо при Крањ


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери втор ден учествува на конференцијата на спикери на парламенти на ЕУ, што денеска и вчера се одржува на Брдо при Крањ, во организација на Националното собрание на Република Словенија, во рамки на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ. Претседателот Џафери е поканет од страна на претседателите […]

Вил Смит јавно му се извини на Крис Рок за шлаканицата


САД – Актерот Вил Смит официјално се извини за тој шокантен момент на неделните Оскари, кога одговори на шегата на Крис Рок за фризурата на сопругата Џејда Пинкет Смит – Рок, доделувајќи ја наградата за најдобар документарен филм, што тој едвај чекаше да ја види во G.I. Џејн 2 – со качување на сцената и […]

Претседателите на коморите од Македонија, Србија и Албанија во обиколка на Табановце – Прешево и Ќафасан – Ќафтане


Претседателите на стопанските комори на Северна Македонија, Србија и Албанија денеска ќе направат обиколка на граничните премини Табановце – Прешево и Ќафасан – Ќафтане. Целта на обиколката е согледување како функционираат договорите за полесен и побрз проток на стоки меѓу членките на иницијативата „Отворен Балкан“. Претседателите на коморите ќе бидат придружувани од своите економски тимови.