Двете лица на Холивуд – споменуваат бегалци, но ретко донираат за помош на украинскиот народ


САД– Секоја година на Оскарите, освен на заслужните филмски уметници, посебно внимание се посветува на фустаните, уникатните тоалети, спорадичните гафови, но и на подароците што ги добиваат номинираните. Годинава како никогаш досега јавноста „пука“, бидејќи вредноста на подарокот надмина 100.000 долари. Многумина беа огорчени од ваквото однесување во времето на војната во Украина, па повикаа барем дел од подароците да бидат донирани за локалното население и бегалците.

Години наназад, подароците се движеа од луксузни чоколади, летни одмори, скап накит, престижни часовници, разни уникатни технички додатоци до наутичка опрема, ексклузивни услуги и специјални дизајнерски колекции. Според светските медиуми, вредноста на подароците секоја година расте, а сега достигна неверојатни 140.000 долари, а доделени се 28 вакви пакети. Годинава најскап е тридневниот престој во замокот Торино во Шкотска, вреден 50.000 долари и липосукција на надлактиците, која чини 12.000 долари и реновирање на дом од 25.000 долари. Сепак, иако актерите во своите говори често ја споменуваат војната во Украина и ги повикуваат сите да им помогнат на настраданите, сепак прифаќаат лудо скапи подароци, па овојпат јавноста е неподелена, пренесува Јутарњи, дека се работи за нескротливо лицемерие.

Водителот на CNBC, Скот Вапнер, напиша дека со часови размислувал зошто номинираните за Оскар добиваат подароци од таква вредност.

Многу критичари исто така сметаат дека најдобро би било актерите кои добиле прескапи подароци да организираат аукција и да донираат пари на организации кои се занимаваат со бегалци.

Една од искрените диви која направи ваков гест во 2020 година е актерката Скарлет Јохансон. Таа не го задржала својот комплет подароци, туку ги подарила на организацијата ПЕТА која се занимава со заштита на животните во Америка. (Политика.рс)