Сончево со слаб ветер и температура до 15 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 15 февруари 2022 година, 46-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 319 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 33 минути, а ќе зајде во 17 часот и 3 минути. Денов трае 10 часа и 31 минута. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Поради плагијат: МКЦ го поништи конкурсот за јубилејното лого


Младинскиот културен центар соопшти дека го поништува конкурсот за избор на идејно-графичко решение за целогодишна јубилејна програма „50 години МКЦ“. Конкурсот за визуелно обликување на сите програми и активности во текот на  целата 2022 година МКЦ го распиша на почетокот на годината и избра победник, но го дисквалификуваше поради плагијат на избраното решение. – Намерата […]

Еминем, Снуп Дог и Фифти Сент- „Супербоул“ со музички спектакл


САД– Др. Дре, Снуп Дог, Кендрик Ламар, Мери Џеј Блајџ, Еминем и 50 Сент настапија на полувремето на годинешниот „Супербоул“  и направија историско шоу за паметење. Полувремето на еден од најгледаните спортски настани во Америка, Супербоул, оваа година беше резервирано за најстариот тим на изведувачи досега, кои заедно имаат 286 години, пишува Дејли Мејл. Шоуто […]

Почина Иван Рајтман, режисерот на „Истерувачи на духови“ и „Близнаци“


САД– Иван Рајтман, влијателниот режисер и продуцент на некои од најомилените комедии од крајот на 20. век, меѓу кои и „Истерувачи на духови“, почина на 75 години. Тој пораснал во Канада откако неговото семејство избегало од комунистичкиот режим во Чехословачка и таму учел за правење филмови. Познат по сочните комедии кои успешно го доловуваа духот […]

Маските се враќаат во Венеција


Италија– Откако италијанските власти го откажуваа поради пандемијата изминативе две години, традиционалниот Венецијански карневал се враќа на сцената, иако со одредени ограничувања. Прославата се одржува под слоганот „Запомни ја иднината“, инспириран од цитат на Салвадор Дали. Ќе има и виртуелен дел што ќе може да се следи на интернет. Овогодишниот маскенбал се организира во време кога […]

Камила на Чарлс позитивна на Ковид-19, иако е вакцинирана со три дози


Англија – Сопругата на британскиот принц Чарлс, Камила, е заболена со коронавирус. Пред неколку дена и принцот беше позитивен на Ковид-19, а моментално двајцата се наоѓаат во изолација, објави Скај њуз. Камила (74) примила три дози вакцина против Ковид-19, соопштија кралски извори. Камила и Чарлс биле во контакт со кралицата Елизабета Втора, но засега таа нема […]

Министерот Спасовски и директорот на БЈБ Тасевски на ручек со семејствата на загинатите припадници на полицијата 


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавнa безбедност Сашо Тасевски денеска ги посетија децата и семејствата на загинатите припадници на полицијата во одморалиштето на МВР во Пониква, Кочани, каде имаа  заеднички ручек и дружење во рамки на неколкудневниот престој на децата во одморалиштето. На средбата, министерот Спасовски изразил задоволство што […]

Албанското МНР ги повика граѓаните под итно да ја напуштат Украина


Албанија – Албанското Министерството за Европа и надворешни работи ги советува албанските граѓани да не патуваат во Украина. исто време, министерството ги повикува албанските граѓани кои се во Украина што поитно да ја напуштат оваа земја, a за контакт за помош може да се обратат на неколку телефонски броеви и електронска пошта, што ги објавува во […]

Германската Влада ги повика своите граѓани да ја напуштат Украина


Германија –  Германија е последната земја  која ги повика своите граѓани во Украина да ја напуштат, бидејќи се зголемуваат стравувањата од можна руска инвазија во наредните денови, јави ДПА. „Доколку моментално сте во Украина, проверете дали вашето присуство е строго задолжително. Доколку не е, заминете за кратко време“, препорача Министерството за надворешни работи во Берлин. САД […]

Љубовта има многу форми: Откријте ги во Ист гејт мол


Овој викенд во Ист Гејт Мол се случува вистинска екстравагантна атмосфера во чест на двата најпознати празници во месец февруари, коишто ја слават љубовта и виното. Започнати се деновите на вистинска љубовна магија во најголемата шопинг престолнина. Мелодијата на домашните и светски евергрини и арии, е подготвена да ја збогати зимската атмосфера во Ист Гејт Мол. На 12.02.2022 (сабота), од 18:30 до […]

Златко Јовановски е нашиот Зухаир Мурад: Гламурот сјае и во пандемија (фото)


Златко Јовановски со модни ателјеа во Скопје и во Тетово под брендот “ЈZJ by Zlatko Jovanovski”, ја продолжува гламурозната модна приказна и во услови на пандемија. Неговите драматични тоалети и венчаници наликуваат на креациите на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад кој е омилен на Холивуд, и чија драматична венчаница носи и Џенифер Лопез во актуелниот филм […]

Илјадници демонстранти пристигнаа во Париз – полицијата ги пречека со водени топови


Франција –  Илјадници противници на епидемиолошките мерки воведени за да се спречи ширењето на инфекцијата со коронавирус се собраа ноќеска и утринава во предградијата на Париз. Демонстрантите пристигнаа во конвои од цела Франција, со намера да влезат во Париз и покрај тоа што градските власти забранија секакви блокади. „Речиси 7.200 полицајци ќе бидат распоредени во следните […]

Кличко: Одобрен е планот за евакуација на украинската престолнина


Украина – Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска изјави дека властите на украинската престолнина го одобрија планот за евакуација во случај на руска инвазија, соопшти прес-службата на градоначалникот. -Градските служби веќе работат на спречување на вонредна ситуација од воена природа. Нашите напори се насочени кон спречување или надминување на можни провокации и на спротивставување на воен […]

Вучиќ: Србија на никаков начин не треба да го признае Косово


Србија– Никако не треба да ја признаеме независноста на Косово, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, порачувајќи дека Србија треба да работи со косовските Албанци на создавање на подобри односи и на доверба, јави дописникот н МИА од Белград. -Проблемот е што Албанците не сакаат да слушнат за ништо друго освен за независност. Пандорината кутија е […]

Ковачевски: На денешен ден во 2019 година, прв пат се крена знамето на НАТО пред Владата на Македонија


На денешен ден во 2019 година, прв пат се крена знамето на НАТО пред Владата на Република Северна Македонија, напиша Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, на неговиот фејсбук профил. – НАТО значи сигурност и безбедност, но во исто време отвара и нови перспективи. Регионалната стабилност како и унапредената соработка со соседите […]

Поранешниот хрватски претседател Месиќ денеска во Косово


Косово– Поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ ќе престојува денеска во официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста ја објави службата за односи со јавноста на Собранието на Косово, која соопшти дека Месиќ во 11 часот ќе биде примен од собранискиот спикер, Глаук Коњуфца. Засега нема инормации за други средби […]

ЗОИ: Хокеарите на САД ја победија Канада на Олимпијада за прв пат по 12 години


Кина– Тимот на САД утрово ја совлада Канада со 4:2 во натпреварот од групната фаза на Олимпијадата во Пекинг. За Американците ова е прва победа над Канаѓаните на Олимпијадата по 12 години. Соединетите Американски Држави последен пат ја совладаа Канада во групната фаза на Олимписките игри во 2010 година, но потоа загубија во финалето. По овој […]

Евровизија била и ќе остане непредвидлива: Интервју со Александар Масевски, композитор


Познатиот композитор и продуцент Александар Масевски е автор на песната Circles во изведба на Андреа Коевска која ќе не претставува на Евросонг, во мај, во Торино, Италија. Неговиот професионален музички пат почнува уште во 1991 година, кога започнал да работи во Амстердам, главниот град на Холандија и освоил неколку издавачки договори со BMG и Sony.Во […]

Германија утре избира нов претседател, најголеми шанси има актуелниот Штајнмаер


Германија- Во Германија утре се избира нов претседател, а актуелниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер има најдобри шанси да остане на највисоката политичка функција во земјата и во следните пет години. Претседателот се избира во таканареченото Сојузно собрание, тело од 1.472 членови и составено од сите 736 пратеници на Бундестагот, како и исто толку претставници на сојузните […]