Вил Смит одбил да ги напушти Оскарите, вели Филмската академија


САД- Вил Смит може да се соочи со „суспензија“ или „протерување“ од Академијата за филмски уметности и науки поради шлаканицата на Крис Рок за време на Оскарите во недела. Одборот на гувернери = телото што ги надгледува наградите одржа итен состанок за да разговара за последиците за ѕвездата на Кралот Ричард, кој штотуку ја освои […]

Марш за видливост на трансродовите лица


Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА денеска ќе одржи марш, по повод Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица – 31 Март. -TрансФормА заедно со трансродовите лица, активистите и нивните поддржувачи се приклучува по четврти пат кон глобалната акција за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството […]

Бугарските забелешки за средновековниот период и евентуално Гоце Делчев, теми на состанок на македонско-бугарската Комисија за историски прашања


Нов состанок ќе се одржи денеска и утре Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Осумнаесеттиот состанокот ќе се одржи во Скопје, а на дневен ред ќе бидат забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа […]

Конференција „Дигитализација“ во рамки на француското претседателство со ЕУ


Во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, денеска во Прилеп ќе се одржи конференција на тема „Дигитализација“, на која е најавено обраќање на претседателот Стево Пендаровски. На конференцијата, која се организира во рамки на активностите поврзани со француското претседателство со Советот на Европската Унија, поздравно обраќање ќе има градоначалникот на Прилеп,  Борче […]

Во Собранието закажани продолженија на четири седници


Собранието денеска треба да одржи продолженија на четири седници, на 54-та, на 30-та, на 41-та и на 66-та седница. Пратениците на продолжението на 54-та седница ќе расправаат за Предлог за избор на заменици на народниот правобранител, за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, во второ читање, Предлог-законот за гаранција на […]

Москва за денеска најави прекин на огнот со цел да се евакуираат цивили од Мариупол


Русија – Руското Министерство за одбрана најави локален прекин на огнот од 9 часот по средноевропско време во Мариупол за да се евакуираат цивилите од градот. Овој чекор треба да овозможи отворање на хуманитарен коридор кон Запорожје, објаснуваат од Министерството. – За да успее оваа хуманитарна операција, предлагаме таа да се спроведе со директно учество на претставници на Високиот комесаријат за бегалци […]

До сабота променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и ветер


Времето ќе биде облачно, уште од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 31 март 2022 година, 86-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 279 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минута, а ќе зајде во 18 часот и 56 минути. Денов трае 12 часа и 35 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

Бијонсе и Џеј-Зи со приватна пост-оскаровска забава- ја откри провокативниот фустан


САД- Поп-ѕвездата Бијонсе го откри најубавиот пост-оскаровски фустан. Објави фотографии од неа во проѕирен фустан што ја носеше на нивната приватна пост-оскаровска забава.           View this post on Instagram                       A post shared by Beyoncé (@beyonce) Таа, исто така, сподели фотографии […]

Брус Вилис има афазија, се повлекува од филмот


САД- Семејството денеска објави дека 67-годишната ѕвезда на „Die Hard“, „Armageddon“ и „Pulp Fiction“ Брус Вилис „се повлекува“ од глумата како резултат на здравствени проблеми. Главна меѓу нив е афазијата, состојба која, според Клиниката Мајо, „ви ја одзема способноста за комуникација. Тоа може да влијае на вашата способност да зборувате, пишувате и разбирате јазик, и […]

Јордан Плевнеш избран за претседател на Академија Балканика Еуропијана


Македонскиот писател Јордан Плевнеш е избран за претседател на Академија Балканика Еурпијана. Изборот, како што соопшти прес-службата, е донесен едногласно, од сите 33 членови од десетте држави на Балканскиот полуостров, а Плевнеш бил предложен од претседателот на Европската Акедемија на науките, уметностите и книжевностите, Жан-Патрик Конрад, професор од Кралскиот колеџ од Лондон. – По изборот […]

Oд петок во Бугарија се укинува вонредната епидемиолошка состојба


Бугарија– Бугарија од 1 април нема да биде во сосотојба на вонредна епидемија и ќе се укинат воведените антиепидемиски мерки во таа држава. Тоа на брифинг го соопшти министерката за здравство на Бугарија, Асена Сербезова. Од тој датум се укинува носењето заштитни маски во затворени објекти. „Во Бугарија, по серија мерки за олабавување, време е да […]

Судски совет постапува по случајот „Палермо” за судијата Лазар Нанев


Судскиот совет денеска одржа работен состанок во врска со случајот „Палермо“ и присуството на судијата Лазар Нанев на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Италија и Северна Македонија, информираат од Судскиот совет. – Тргнувајќи од основните заложби на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судството, а во рамките на своите законските овластувања, Советот […]

Нови 294 случаи со Ковид-19, вкупно шест починати 


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.430 тестови, а регистрирани се 294 нови случаи со КОВИД-19, шест починати и 235 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 294 новозаболени од Скопје се 149, Битола 36, Прилеп 20, Кавадарци 17, Велес 11, Охрид 10, Куманово 8, Струга 7, Кичево […]

МБУ веќе 16 години обезбедува квалитетно образование како основа за успешна професионална кариера


Започнувајќи со работа пред 16 години со неколку факултети и оддели, и со само 9 студенти, Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) успеа, со многу посветеност и труд вложен во образовниот процес сите изминати години, да прерасне во ценета високообразовна институција која денес е избор на околу 3.000 студенти. Основан во 2006 година од Фондацијата за образование […]

Со Италија не врзува и културната размена- во Чифте Амам отворена изложба на фотографии од ризницата на Архивот на браќата Алинари


Во една опуштена атмосфера како што може да ја наметне топлината на италијанската култура, вчера во Чифте амам се отвори изложба на фотографии од ризницата на Архивот на браќата Алинари. Сите присутни, претставници на дипломатскиот кор, политичкиот естаблишмент и останатата публика, во формалниот така и во неформалниот дел на настанот говореа за значењето на културната […]

Триесет години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Хрватска


По повод јубилејот 30 години дипломатски односи, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари пригодна средба со амбасадорката на Република Хрватска во нашата земја, Нивес Тигањ. -Северна Македонија е горда на успешната соработка со Хрватска, во која гледаме искрен и посветен пријател, не само во негувањето на нашето блиско партнерство, туку и во промовирањето на […]

Болеста на Џејда Пинкет Смит во фокусот на Оскарите- што е алопеција?


САД- Оскаровската шлаканица која ја засени церемонијата на доделувањето на 94. Оскари во неделавечерта во Лос Анџелес беше предизвикана од шега за недостигот на коса на Џејда Пинкет Смит – при што сопругот Вил Смит насилно се спротивстави на комичарот Крис Рок кој ја исмева избричената глава на актерката. Настрана од обвинувањата за она што […]

Рекордно боледување во Црна Гора од над шест години


Црна Гора – Рекордното боледување во Црна Гора траело подолго од шест години, покажува евиденцијата на Фондот за здравствено осигурување. Алармантно е тоа што има поединци кои се на добар пат да го соборат овој рекод, изјави Вукосава Пејовиќ од Фондот за здравствено осигурување. – Моментално имаме боледувања од 54 месеци, 58 месеци, што значи дека […]

„Луј Витон“ предизвика контроверзии со новиот накит


Франција – Модниот гигант „Луј Витон“ претстави нова колекција накит, па предизвика гнев кај обожавателите кои тврдат дека симболот потсетува на оној на агресијата на Русија врз Украина – буквата „Z“. Француската модна куќа на Инстаграм ја претстави унисекс-колекцијата „LV Volt“, со познати личности како лица на брендот. Меѓу нив се раперот Кид Куди, глумицата Џин Чен […]