Меморандум за соработка меѓу националните библиотеки на Македонија и Австрија


Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ и Националната библиотека на Австрија денеска во Скопје потпишаа Меморандум за соработка во рамки на манифестацијата „Денови на австриската книжевност во Северна Македонија“, организирана од Асоцијацијата за регионален развој Балкански економски форум од Скопје и НУБ. Во холот на НУБ беше отворена и изложба на книги од […]

Раст на бројот и вредноста на плаќања со платежни картички


Плаќањата на граѓаните со платежните картички во трговијата во земјата во четвртиот квартал од 2021 година забележале годишен раст од 25 проценти кај бројот и 21 процент кај вредноста на остварените трансакции, соопшти Народната банка.  Истовремено, висок годишен раст на бројот и на вредноста на трансакциите од 21 и 33 проценти, соодветно, е забележан и […]

Вучиќ: Ќе учествувам во изборот на новата влада, а потоа се повлекувам од лидерската позиција во СНС


Србија– Претседателот на Србија и кандидат на Српската напредна партија (СНС) на претседателските избори, Александар Вучиќ изјави дека по изборите ќе учествува во изборот на влада и дека потоа ќе поднесе оставка од раководството на партијата, јави дописникот на МИА од Белград. – Десет години на чело на партијата е долг период, тоа е период […]

Судството е ажурно, иако од 34 судови неажурни се 19


Според оценка на Судскиот совет во целина, судството е ажурно, иако од 34 судови, ажурни се 15, додека неажурни се 19, информира претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска на денешната прес-конференција по повод Денот на правосудството, на која го презентираше Годишниот извештај за работата на Судскиот совет. – На ниво на државата судовите во јануари […]

Во Албанија богатите семејства ќе плаќаат поскапа струја 


Албанија – Албанскиот премиер Еди Рама од собраниската говорница на денешната пленарна седница, најави дека се прави студија со која ќе се разгледа можноста  богатите домаќинства да плаќаат поскапа електрична енергија.  Тој уште еднаш ја повтори одлуката на Владата со која нема зголемување на цената на електричната енергија за албанските домаќинства и покрај енергетската криза и […]

Скок од пет позиции- македонската репрезентација се искачи на 62. место на најновата ФИФА ранг-листа


Франција– Скок од пет позиции бележи македонската фудбалска репрезентација на ранг-листата на ФИФА објавена денеска. „Црвено-жолтите“ март го завршуваат на 62. место, односно пет места погоре во споредба со рангирањето на 10 февруари. Напредокот се должи на победата над Италија пред една недела во Палермо. Од противниците на Македонците во Лигата на нации, најдобро пласирана е […]

ММФ: Климатската криза веќе води кон сериозни шокови


Бугарија – Климатската криза веќе води до сериозни нарушувања во животот и егзистенцијата на луѓето, предупреди генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева на Светскиот самит во Дубаи. Нејзиниот говор денеска во БТА беше примен од претставништвото на ММФ за Бугарија. Таа ја претстави најновата анализа на ММФ за климатските промени во регионот на […]

Гир: Врховен суд – пример за успешна приказна


Врховниот суд на Република Северна Македонија, според шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, е успешна приказна и пример за работа која има одличен учинок и ја зајакнува сопствената улога како клучна судска институција. Амбасадорот Гир, во својот говор по повод одбележување на 31 март „Денот на правосудството”, организиран од […]

НБ: Тренд на намалување на просечната каматна стапка на кредити


Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во февруари 2022 година. Таа се сведе на ниво од 4,33 проценти, информираат денеска од Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, се задржала на истото ниво, како и претходниот месец и изнесува 0,71 проценти. – Просечната каматна стапка на вкупните […]

Од „Браќа Манаки“ до „Синедејс“- Агенција за филм поддржа 23 фестивали


На конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност – организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер, од вкупно 35 апликации, беа избрани 23 фестивали, односно манифестации кои ќе бидат поддржани од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.  Поддршка од Агенција за филм добија фестивалите: ИФФК Браќа […]

Крводарувањето е највисок чин на алтруизам, вели министерот Сали


Дарувањето крв е највисок чин на алтруизам и тоа е чест само на здравите луѓе. Го организираме крводарувањето во пресрет на 7 Април – Светски ден на здравјето и пред почетокот на Светиот месец – Рамазан. Посакувам сите да имаме здравје и да имаме можност за крводарување, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали, кој […]

„Аквизиции – донации 2017-2021“ – изложба во МСУ на дела од основоположниците на модерната


На 2 април (сабота), во 12 часот на пладне, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Аквизиции – донации 2017-2021“. Наедно ќе може да се ужива и во првото пролетно матине со единствениот поглед кон градот. Куратор на изложбата е кустос Ива Димовски и кустос соработник Бојана Јанева. На поставката ќе бидат изложени дела, кои музејот ги има […]

Конкурс за доделување на државната награда „Мајка Тереза“


Министерството за култура информира дека е распишан конкурсот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ за 2022 година, кој ќе трае од 1 до 30 април. Со државната награда „Мајка Тереза“ се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување и унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на […]

Комисијата на епидемиолози во Грција предлага до први мај да нема олабавување на мерките


Грција– Поради зголемениот број новозаразени во Грција, Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство предложила да нема никакво олабавување на мерките до први мај, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Ова би значело дека Велигден ќе биде со постоечките мерки, односно задолжителна маска во затворените делови, задолжителен сертификат за речиси сите простори, […]

Маж украл патнички авион во Италија, го пресретнал француски ловец


Франција – Француски ловец „Мираж 2000“ пресретнал патнички авион украден во Италија околу 10:40 часот во средата наутро. Како што јавува Европа 1, пилотот на украдениот авион тврди дека е од словачка националност и дека за време на летот прелетал над Ница и Тулон. Поради инцидентот, привремено е затворен авиосообраќајот во тој дел на францускиот Медитеран. […]

На која животна лекција не научи однесувањето на Вил Смит- водечки американски трауматерапевт објаснува


САД- 94.Оскари засекогаш ќе биде дефинирани со момент на насилство што шокираше 15 милиони гледачи. Јас бев една од нив. Како и многу луѓе, веднаш го зедов телефонот. За неколку минути, коментарите на социјалните мрежи за насилството, последиците, политиката за почитување, расата и полот се проширија побрзо од брзината на светлината. И додека секој од […]

Метрополитен операта нема да соработува со оперската дива Нетребко


САД – Дури и откако Ана Нетребко изјави дека не ја поддржува политиката на рускиот претседател Владимир Путин и војната во Украина, њујоршката Метрополитен опера соопшти оти, барем засега, сепак нема да ја продолжи соработката со руската дива. – Силно ја осудувам војната во Украина и моите мисли се со жртвите од војната и нивните семејства. […]

Маричиќ во посета на Стразбур


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, престојува во работна посета на Стразбур. Во рамки на посетата, вицепремиерот Маричиќ во Советот на Европа ќе се сретне со Меглена Кунева, амбасадор на ЕУ при Совет на Европа и со генералниот секретар на Советот на Европа,  Марија Пејчиновиќ Буриќ. Во фокус на разговорите ќе бидат […]

Познати 29 од 32 учесника на Мундијалот во Катар


ОАЕ- Познати се 29 репрезентации кои ќе играат на Светското првенство во фудбал во 2022 година. Од Азија: Иран, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Јапонија. Од Африка: Гана, Мароко, Сенегал, Камерун, Тунис. Од Европа: Англија, Белгија, Германија, Данска, Шпанија, Холандија, Полска, Португалија, Србија, Франција, Хрватска и Швајцарија. Од Северна Америка: Канада, САД, Мексико. Од Јужна […]

Концерт „Манфред“ со јапонската виолинистка Сајака Шоџи во Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија вечер ќе го изведе концертот „Манфред“ на кој како солистика ќе настапи јапонската виолинистка Сајака Шоџи, лауреатка на престижниот виолински натпревар „Паганини“. Диригент е Габриел Бебешелеа, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар во де-дур, оп. 77 од Јоханес Брамс и Шестата симфонија од Л.В.Бетовен. Германскиот композитор и виртуоз на пијано Јоханес Брамс (1833 […]