Ретро-стил: Кејт Мидлтон ги врати туфните на пролетната модна сцена


Англија– По осумдневната турнеја низ Белизе, Јамајка и Бахамите, Кејт Мидлтон се врати во Англија и, и покрај веројатниот џетлег, се облече за да импресионира.

Кејт и принцот Вилијам, заедно со нивните две најстари деца, принцот Џорџ (8) и принцезата Шарлот (6) го одбележаа своето враќање во Лондон со појавување на комеморацијата на принцот Филип во вторникот.
Погребот на принцот Филип минатиот април беше намален поради ограничувањата за Ковид-19, така што настанот во вторник беше можност за добротворните организации и организациите со кои работеше војводата од Единбург да му оддадат почит.

За да му оддаде почит на нејзиниот покоен дедо, Кејт носеше црно-бел фустан со долги ракави од Алесандра Рич  со туфни, црна шапка со широк обод и црни салонки од велур на Џанвито Роси .
Кога семејството влегло во историската зграда во која се одржале и свадбата на кралицата Елизабета и принцот Филип во 1947 година, Кејт ја држела за рака својата ќерка, 6-годишната принцеза Шарлот, која во монохроматски момент во тегет боја тргна по својата мајка, со сериозен израз фиксиран на лицето го поминала тротоарот од калдрмата, но нејзината мајка набрзо ја уверила. Стручен читател на усните изјави за Daily Mail дека Кејт тивко рекла: „Можеш да се насмееш“. Сопругот на Кејт, принцот Вилијам, го држеше за рака нивниот најстар син, принцот Џорџ.

Претходно овој месец, Page Six објави дека роднините на Кембриџ, Сасексите нема да патуваат преку океантот за настанот поради недостаток на безбедносни служби обезбедени за семејството на принцот Хари и Меган Маркл. „Војводата нема да се врати во Велика Британија кон крајот на март, но се надева дека ќе ја посети својата баба што е можно поскоро“, рече портпаролот на Сасекс во соопштението.

Тренд што не излегува од мода

Туфните се вратија на голема модна врата. Хит-дезенот ја краси облеката со ретро-стил и се комбинира со кариран материјал.

На секои десет години малите или големите туфни во црна, бела или црвена боја се враќаат во колекциите, како никогаш да не излегле од мода. Ги красат чантите, чевлите, модните додатоци, балонерите, сакоата, здолништата, на фустаните како во актуелните колкеции на „Родарте“, „Дор“, „Блумарин“, „Прада“…