Претседателите на коморите од Македонија, Србија и Албанија во обиколка на Табановце – Прешево и Ќафасан – Ќафтане


Претседателите на стопанските комори на Северна Македонија, Србија и Албанија денеска ќе направат обиколка на граничните премини Табановце – Прешево и Ќафасан – Ќафтане.

Целта на обиколката е согледување како функционираат договорите за полесен и побрз проток на стоки меѓу членките на иницијативата „Отворен Балкан“.

Претседателите на коморите ќе бидат придружувани од своите економски тимови.