Од Бил Мареј до Тимоти Шаламе- актери со најстил на Оскарите 2022


САД– Речиси 24 часа подоцна, сè уште размислуваме за најдобро облечените актери на Оскарите 2022 година. Во неделата, на 27 март, во театарот „Долби“ во Лос Анџелес видовме ѕвезди како Даниел Калуја и Ендру Гарфилд кои внесуваат боја во традиционалната машка свечена облека, но видовме и повеќе смели погледи од млади ѕвезди како Тимоти Шаламе.
Вообичаено, машката мода не е највозбудлива кога станува збор за доделување награди. Секако, видовме некои легендарни изгледи како Лил Нас Икс, Хари Стајлс и Били Портер во поновата историја, но токму тоа е поентата. Тоа е понова историја.

Даниел Калуја

Пред десет години, актерите шетаа по црвениот ќилим облечени во црни смокинг само затоа што тоа беше единствената облека што се сметаше за прифатлива за машките филмски ѕвезди  пред блицовите на фотоапаратот. До неодамна, само екстремните ѕвезди се осмелија да носат неконвенционална облека на црвениот ќилим. Сега, момците од Холивуд ни даваат поеклектични изгледи за кои всушност вреди да се зборува.

Бред Горецки

Иако Оскарите беа малку повозбудливи од претходните години (благодарение на Крис и Вил), ние ја отфрламе драмата и се држиме до стилот. Во моментов, машката мода е повозбудлива од кога било досега, еве ги 10-те најдобро облечени мажи од црвениотчилим на Оскарите 2022, според WWD.

Бил Мареј
Дејвид Олејо
Ендру Гарфилд
Џејк Гиленхал
Џејсон Момоа
Коди Смит-Мекфи
Рики Томпсон
Тимоти Шаламе