Се снима моден трилер за Диор и Шанел-Менделсон и Бинош во главните улоги


САД- Аpple TV Plus го снима модниот трилер „The New Look“, на Тод А. Кеслер („Bloodline“) за метеорскиот подем на францускиот моден дизајнер Кристијан Диор, со Бен Менделсон („Bloodline“) и Жулиет Бинош („Англискиот пациент“). Трилерот од Втората светска војна, „Новиот изглед“ се отвора во Париз окупиран од нацистите, кога завршува владеењето на Коко Шанел (Бинош) […]

Забрчанец: Во регионот имаме највисок индекс на отвореност


Со својот ангажман и со ангажманот на мојот тим и на ПР секторите на министерствата дадовме суштински придонес и државата ја доби најтранспарентната влада од независноста до денес, изјави досегашниот национален координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец за „Фокус“.   Тој додаде дека е горд на петте години во службата за придонесот кон […]

Четири случаи на подсој на омикрон регистрирани во Црна Гора


Црна Гора – Четири случаи на инфекција со подгрупата на вирусот омикрон БА.2, нарекуван и стелт омикрон, се регистрирани во Црна Гора, се наведува во денешното соопштение на Институтот за јавно здравје. Според Светската здравствена организација, новиот подсој на омикрон БА.2, не е „загрижувачки“. Засега не постојат докази, што укажуваат на тоа, дека оваа нова подваријанта […]

Џоли побара од Сенатот да го поддржи Законот за насилство врз жените


САД– Актерката и активистка Анџелина Џоли се врати во Вашингтон во средата попладне за да ја изрази својата поддршка за жртвите на семејна злоупотреба, барајќи од Сенатот да го обнови Законот за насилство врз жените (VAWA), за кој таа тврди дека обезбедува основна заштита на преживеаните од злоупотреба. „Стоејќи овде, во центарот на моќта на […]

„Ковид-19“, „Делта“, „Омикрон“- скулптури на Нела Јанковска инспирирани од пандемијата


Академската скулпторка од Крива Паланка Нела Јанковска е дел од годишниот реномиран настан на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, „Зимски салон“, што пред два дена официјално беше отворен во Чифте амам.   На деветнаесеттата манифестација „Зимски салон“ на тема „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“ беа изложени дела од македонски уметници, членови на ДЛУМ, како […]

Стинг ги продаде правата за целата своја музика на „Јуниверзал“ за 250 милиони долари


Англија– Британскиот пејач и текстописец Стинг го продаде целиот свој музички каталог на „Јуниверзал мјузик паблишинг груп“, се соопштува на интернет-страницата на компанијата. „’Јуниверзал мјузик паблишинг груп‘, водечкиот оддел за музичко издаваштво на УМГ, денеска го спроведе купувањето на музичкиот каталог на Стинг“, се вели во соопштението. Компанијата ќе ги стекне правата за сите соло проекти […]

Во Битола и Берово најстудено, најмногу снег во Маврови Анови


Најстудено е утрово во Битола и во Берово со – 6 степени, во Струмица се измерени -5, во Скопје-Петровец и Претор -4, во Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија -3, во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Охрид, Гевгелија -2. Во Виница и Дојран се измерени нуластепени, а максимални два степена се регистрирани во Крушево. Најмногу снег […]

Форбс: Питер Џексон е најплатена славна личност во 2021


САД- На првото место се најде Питер Џексон, режисер и продуцент најпознат по филмовите „The Lord of the Rings“. Џексон заработи 580 милиони долари откако минатата година во ноември продаде дел од неговата компанија која се занимава со визуелни ефекти. На тој начин стана милијардер. На второто место на листата се најде Брус Спрингстин кој […]

Почина композиторот Тоде Новачевски, автор на хитовите на Маријана и Росана


Композиторот Тоде Новачевски, автор на најпопуларните песни на поп дуетот Маријана и Росана, почина во Мелбурн, Австралија по повеќегодишно тешко боледување. Имаше 66 години.   Тој беше поранешен сопруг на пејачката Маријана Сариќ, која со сестра си близначка Росана ги испеаја неговите најголеми хитови, како антологиските „Признавам“, „Свири ми брате Цигане“, „Ако не исчезнам“, „Верувај […]

Американски авиони Ф -15 слетаа во базата „Ласка“ во Полска


Полска – Американските авиони Ф-15 денеска слетаа во полската воздухопловна база „Ласка“, изјави полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, во моменти кога НАТО го зајакнува своето воено присуство на источното крило во контекст на тензиите меѓу Украина и Русија. Авионите пристигнаа во време кога во Полска се распоредени и дополнителни американски и британски војници, а во […]

Владата го продолжи рокот за постоење на кризна состојба со топлинска енергија до 30 април


Владата на денешната 13-та седница донесе Одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на град Скопје заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Како што информира владината прес-служба, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување […]

Во Британија пристигна Ласа треска од Африка, опасен сој на аренавирус 


Англија– Во Велика Британија се откриени два случаи на Ласа треска, кај патници кои биле во Западна Африка, а здравствените служби веднаш го стиснале алармот бидејќи станувало збор за многу опасна заразна болест, јавуваат британските медиуми. Европските нулта пациенти веднаш биле ставени во изолација и се лекуваат. Ласа треската често пати е смртоносна аренавирусна инфекција која […]

ЗОИ: Табела на медали – Германија води пред Норвешка


Кина – Германија со шест златни одличја е на чело на табелата според освоени медали по одржани 45 од 109 финални натпреварувања на 24. Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг. Германија 6 3 0 9 Норвешка 5 3 4 12 Австрија 4 5 4 13 САД 4 5 1 10 Холандија 4 3 1 8 Шведска […]

Данска ги отвори вратите за американски војници на своја територија


Данска– Данска денеска соопшти дека ја отворила вратата за присуство на американски војници и воена опрема на нејзина територија како дел од новиот билатерален договор што го олеснува движењето на американските војници во Европа во услови на тензиите меѓу Западот и Русија. -САД и подадоа рака на Данска, која, исто така, е членка на НАТО, […]

Нови 1.409 заразени, 28 починати 


Во последните 24 часа од направени 3.824 тестови регистрирани се 1.409 нови случаи на КОВИД-19 меѓу кои 206 се реинфекции, починати се 18 лица, а согласно регистарот  од Мој Термин дополнително се пријавени и 10 починати лица во периодот од 31 јануари до 7 февруари, додека како оздравени се водат 1.455 пацинети,  информира Министерството за […]

Почнува Берлинале, еден од најголемите европски филмски фестивали


Германија– Во Берлин вечерва почнува 72. Меѓународен филмски фестивал (Берлинале). За главните награди ќе се натпреваруваат 18 филмови. Фестивалот ќе биде отворен со филмот „Питер фон Кант“ на режисерот Франсоа Озон, со Изабел Аџани во главната улога. Покрај него, во трката за награди се и филмовите „Со љубов и одлучност“ на Французинката Клер Дени, со […]

Шест нови членови во Друштвото на писателите на Македонија


Шест македонски автори  ќе бидат зачленети во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) кое на 13  февруари ќе одбележи 75 години постоење. -Се работи за автори кои добиле некоја од престижните книжевни награди и кои веќе се здобиле со сериозна писателска репутација. Поканата за членство во ДПМ во оваа пригода ја прифатија: Владимир Јанковски, Румена […]

Годинава економскиот раст на ЕУ изнесува четири отсто


Белгија – Европската унија ќе забележи економски раст од четири отсто во 2022 година и 2,8 отсто во 2023 година, соопшти денеска Европската комисија. Во 2021 година ЕУ имаше економски раст од 5,3 отсто. Зимските економски прогнози за 2022 година наведуваат дека Унијата како целина го достигнала нивото на бруто домашен производ (БДП) од пред пандемијата […]

На 83 години почина Милан Влајчиќ, истакнат новинар и филмски критичар


Србија- Новинарот, писател и критичар Милан Влајчиќ ненадејно почина на 83-годишна возраст во Белград. Милан Влајчиќ е роден во Белград, а дипломирал на Катедрата за општа книжевност на Теорија на литературата на Филолошкиот факултет во Белград. Книжевна критика и критика објавува од 1960 година во списанието „Дело“ и други изданија. Ги уредувал културните колумни „Студенти“ […]

Без ковид сертификати на Оскарите во март


САД- Нема да биде потребен доказ за вакцинација против коронавирус за да присуствувате на годинешните Оскари. Доделувањето на 94. Филмски награди на академијата на САД ќе се одржат на 27 март. Според британски „Гардијан“, Американската академија за филмски уметности и науки нема да бара пропусница за ковид за присуство на церемонијата. Наместо тоа, од гостите […]