Академијата вели дека „не го одобрува насилството“ откако Вил Смит му удри шамар на Крис Рок на Оскарите


САД– Академијата за филмски уметности и науки објави соопштение за шамарот на Вил Смит на Крис Рок што го шокираше 94-тото доделување на Оскарите. Смит излезе на сцената за време на Оскарите во 2022 година и му удри шлаканица на Рок откако комичарот се пошегува на сметка на  неговата сопруга Џејда Пинкет Смит додека ја претставуваше категоријата документарен филм.

Во соопштението на Академијата се вели: „Академијата не одобрува насилство од каква било форма. Вечерва со задоволство ги прославуваме нашите 94-ти победници на Оскарите, кои го заслужуваат овој момент на признание од нивните врсници и љубители на филмот ширум светот“.

Додека ја претставуваше категоријата најдобар документарец, Рок се пошегува на сметка на Џејда Пинкет Смит која глуми во „G.I. Џејн 2“ поради нејзината ќелава глава. Рок се повикуваше на филмот од 1997 година „G.I. Џејн“ во која Деми Мур се појавува со избричена глава. Сепак, Пинкет Смит е отворена за нејзината борба со болеста алопеција, која предизвикува губење на косата. Смит реагираше на шегата така што се качи на бината и му удрил шлаканица на Рок. Смит потоа се врати на своето место и извика: „Избриши го името на мојата сопруга од твојата е… уста!“
Смит, кој доби  Оскар за најдобра машка улога во филмот „Кралот Ричард“ по инцидентот и се извини на Академијата во плачлив говор ноткако го прими оскарот.

 „Сакам да и се извинам на Академијата. Сакам да им се извинам на сите мои колеги номинирани. Ова е убав момент и не плачам за освоена награда. Не станува збор за освојување награда за мене. Станува збор за тоа да можеш да фрлиш светлина на сите луѓе“.

Во изјава за Variety по телевизиското емитување на Оскарите, полицискиот оддел во Лос Анџелес потврди дека Рок одбил да поднесе пријава.

„Истражните ентитети на ЛАПД се свесни за инцидент меѓу две лица за време на програмата на наградите Оскар. Во инцидентот еден поединец удрил шамар на друг. Инволвираниот поединец одбил да поднесе полициска пријава. Ако инволвираната страна сака полициски извештај подоцна, LAPD ќе биде достапен за да го комплетира истражниот извештај“.