Асошиејтед прес планира намалување на работните места
Њујорк – Американската новинска агенција Асошиејтед Прес (АП) планира намалување на работните места на својот домашен пазар, објави вчера организацијата. Синдикатот Њуз Медиа Гилд соопшти дека повеќе од 120 негови членови добиле понуди за откуп вчеравечер. Не е јасно колку работни места всушност ќе бидат намалени, бидејќи АП не открива колку новинари вработува низ целиот свет. […]