1 Мај – ден на борба, а не на празник! СДСМ го поддржува протестот на работниците


Денеска е 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, на работниците. Наместо да го слават со одмор и честитки, работниците во Македонија се принудени да излезат на протест, се наведува во соопштението од СДСМ.

„Нема зголемување на платите, Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра.

Цената на нафтата скокна, инфлацијата е на врата, а поскапувањата на основните производи се неизбежни.

Само во последните месеци цената на основната синдикална кошничка се зголеми за 3.500 денари, работниците се со празни фрижидери и празни џебови.

Владата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ не презема ниту една мерка за заштита на животниот стандард на работниците и граѓаните.

СДСМ целосно го поддржува протестот на Синдикатот и ја поддржува праведната борба на работниците за корка леб, за достоинствена плата и човечки услови за живот.

Оваа влада не ги брани работниците, таа ги штити само своите тендери, своите профити и своите партиски бизнис интереси. 

Додека работниците се борат за преживување, Мицкоски и неговата тендер-коалиција се грижат само за своите џебови.

1.Мај нека биде ден на борба за правдина, а не ден на молчење пред неправдата.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, се вели во соопштението.