На „Табановце“ се чека 40 минути, на „Богородица“ половина час


На ГП „Табановце“ се чека од 30 до 40  минути, а на ГП „Богородица“ околу 30 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните …

На „Табановце“ се чека 40 минути, на „Богородица“ половина час Read More »

Фејсбук и Инстаграм отстранија сметки на антиваксерска организација предводена од Роберт Кенеди Јуниор


  САД– Компанијата Мета,   сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, ги отстрани од тие платформи сметките на влијателната американска антиваксерска организација „Заштита на здравјето на децата“, предводена од Роберт Кенеди Јуниор, внук на убиениот претседател Џон Кенеди. Организацијата ја критикува безбедноста на вакцините против Ковид-19. Мета објави дека ги отстранува сметките поради постојано прекршување на …

Фејсбук и Инстаграм отстранија сметки на антиваксерска организација предводена од Роберт Кенеди Јуниор Read More »

Оскаровци и ѕвезди- во Битола почнува фестивалот на кинематограферите од светот „Браќа Манаки“


  Кинематограферите од светот од денеска до 26 август ќе бидат на Фестивалот „Браќа Манаки“ чие 43. издание ќе се реализира во битолскиот Центар за култура, Офицерски дом, кино „Манаки“ и летна тераса на КИЦ-Битола. Свеченото отворање е закажано за вечер во 21 часот во големата сала на НУ Центар за култура каде ќе биде …

Оскаровци и ѕвезди- во Битола почнува фестивалот на кинематограферите од светот „Браќа Манаки“ Read More »

Концерт во спомен на маестро Александар Џамбазов на „Охридско лето“


  Во чест на македонскиот диригент и композитор Александар Џамбазов, ревискиот оркестар на Љупчо Мирковски вечер на сцената Долни Сарај ќе одржи концерт „Музиката на Александар Џамбазов“, во рамки на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Солисти на вечерта ќе бидат пијанистот Бобан Мирковски, сопранот Наде Талевска и тенорот Ѓорѓи Цуцковски, под диригентската палка на …

Концерт во спомен на маестро Александар Џамбазов на „Охридско лето“ Read More »

Почнува јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик


  Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денеска на пладне свечено ќе биде отворена јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што ќе трае до 2 септември. Како што информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Уиниверзитетот „Св. Кирил и …

Почнува јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик Read More »

Портрет на Лидија Димковска на 34. Поетска ноќ во Велестово


Триесет и четвртата Поетска ноќ во Велестово ќе почне вечерва на сретсело, со почеток во 21 часот, со поетскиот портрет на македонската поетеса Лидија Димковска, а ќе заврши на 21 август. Манифестацијата ќе се одржи на неколку локации во село Велестово и во Охрид. – Во програмата се предвидени три поетски читања на кои ќе …

Портрет на Лидија Димковска на 34. Поетска ноќ во Велестово Read More »

„Отворен ден“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје


    Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” (УКИМ) во Скопје денеска организира „Отворен ден”. Настанот ќе се одржи во просториите на секој од факултетите во два термина, од 10 до 12 и од 12 до 14 часот, на кој ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера, информираат од УКИМ. – „Отворениот ден на …

„Отворен ден“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје Read More »

Повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна


Националниот парк „Маврово”  доцна синоќа на официјалната Фејсбук страна објави  информација за повредена мечка на делницата Дебар – Маврово, на  потегот помеѓу село Јанче и Ростушки мост,  која би можела да биде агресивна откако ја удрил автомобил. – Ве известуваме дека вечерва на потегот помеѓу с. Јанче и Ростушки мост од страна на автомобил е повредена …

Повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна Read More »

Министерот Спасовски во посета на Крушево


  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе престојува во работна посета во Крушево. Како што информираат од МВР, Спасовски ќе го посети ОВР Крушево и ќе оствари работна средба со неговото раководството, а ќе се сретне и со крушевскиот градоначалник Томе Христовски. Министерот Оливер Спасовски вечерта ќе присуствува и на свеченото отворање на …

Министерот Спасовски во посета на Крушево Read More »

Мал процент на откажани летови на македонските аеродроми, зголемени трошоците за патување


На аеродромите во државава има откажани летови, но процентот е мал и ситуацијата не е толку изразена како на европските, каде што обемот на дневно ниво е далеку поголем. Од ТАВ Македонија велат дека состојбата од европските аеродроми се прелева, но кај нас не е толку драматично и оти немаат проблеми со капацитетите на двата …

Мал процент на откажани летови на македонските аеродроми, зголемени трошоците за патување Read More »

Сончево и многу топло


  Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде …

Сончево и многу топло Read More »

Астрономски календар


  Денеска е петок, 19 август 2022 година, 226-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 139 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 44 минути, а ќе зајде во 19 часот и 30 минути. Денов трае 13 часа и 46 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе …

Астрономски календар Read More »

Поетска ноќ во Велестово по 34. пат


Традиционално во Охридското село Велестово од утре до 21 август ќе се одржи 34-тата „Поетска ноќ“. Манифестацијата, како што најави денеска на прес-конференција програмскиот директор Јулијана Величковска, ќе почне на сред село-на чешма, а во фокусот ќе биде поетскиот портрет на македонската поетеса, есеистка, преведувачка и добитничка на бројни награди, Лидија Димковска. Во програмата се …

Поетска ноќ во Велестово по 34. пат Read More »

Нови 491 случај со Ковид-19, пријавени осум починати лица


  Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.108 тестови, а регистрирани се нови 491 случај со КОВИД-19, тројца починати (по еден од Охрид (75г), Струга (56г) и Велес (78г)) и 595 оздравени пациенти. Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани пет починати …

Нови 491 случај со Ковид-19, пријавени осум починати лица Read More »

За ВИП и за фанови – се отвори првата продавница на H&M во Скопје


Долгоочекуваната продавница на H&M конечно се отвори во Ист гејт мол во Скопје. За ВИП гости со шампањско и за фанови со добра журка.  Еден од најголемите светски модни брендови од Шведска  денес, од 10 часот го пречекаа повеќе од 1.000 купувачи полни со ентузијазам, кои застанаа во редот уште од раните утрински часови за да …

За ВИП и за фанови – се отвори првата продавница на H&M во Скопје Read More »

Уште една мистериозна смрт на руски бизнисмен во САД – поради Навални беше во егзил


  САД– Почина 52-годишниот Ден Рапопорт, жесток критичар на Владимир Путин и инвестициски банкар во егзил. Полицијата потврди дека Рапопорт починал во Вашингтон откако ја напуштил Русија. Нешто пред 18 часот бил пронајден пред луксузна станбена зграда во Џорџтаун. Пред тоа полицијата добила дојава дека некој скокнал од зградата, пишува Индипендент. Итниот персонал на Рапопорт …

Уште една мистериозна смрт на руски бизнисмен во САД – поради Навални беше во егзил Read More »

Дизелот поскапува за 2 денари, цената на бензинот не се менува


Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вечерва по полноќ ќе поскапат дизел горивото и нафтата за домаќинствата за 2 денари по литар, додека цените на бензините од 95 и од 98 октани не се менуваат. Не се менува ниту цената на мазутот.   Од вечерва по полноќ, од 00.01 часот максималните цени на …

Дизелот поскапува за 2 денари, цената на бензинот не се менува Read More »

Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк


Во рамките на Годишната програма на активностите на  „Заедница на Хрвати во Македониј“, а во соработка со Град Скопје, во недела, на 21 август,  во Градски парк – во „Школка“  во 21 часот, ќе се одржи концерт на фолклорна секција и тамбурашки оркестар на Културно уметничко друштво „Св. Јурај“„ од Драганиќ, Карловачка Жупанија, Република Хрватска. …

Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк Read More »

Се отвора 13. Македокс, земја во фокус е Чешка


  Четириесет и пет филмови ќе се прикажат во четирите натпреварувачки програми на 13. издание на фестивалот на креативен документарен филм Македокс во Скопје, што се отвора вечерва во 21 часот со проекцијата на индиско-британскиот филм „Сè што дише“ во Куршумли ан. Ќе се одржува до 25 август на четири локации (Куршумли ан, платото на …

Се отвора 13. Македокс, земја во фокус е Чешка Read More »

Финални намалувања и најубавото лето досега со „Фешн груп“


Месец Август секогаш со себе ги носи најубавите летни попусти на сите фаворити од колекциите пролет-лето ‘22! И оваа сезона вашите омилени брендови од Fashion group со неодоливи дополнителни попусти кои се причина плус за уште едно неверојатно шопинг искуство во нашите продавници и online shop! Пред завршување на летната сезона и почеток на новата, …

Финални намалувања и најубавото лето досега со „Фешн груп“ Read More »