Министерот Спасовски во посета на Крушево


Фото: Б. Грданоски

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе престојува во работна посета во Крушево.

Како што информираат од МВР, Спасовски ќе го посети ОВР Крушево и ќе оствари работна средба со неговото раководството, а ќе се сретне и со крушевскиот градоначалник Томе Христовски.

Министерот Оливер Спасовски вечерта ќе присуствува и на свеченото отворање на ФИС „Ролер ски купот Тоше Проески“.