Концерт на КУД „Св. Јурај“ од Хрватска во Градски парк


Во рамките на Годишната програма на активностите на  „Заедница на Хрвати во Македониј“, а во соработка со Град Скопје, во недела, на 21 август,  во Градски парк – во „Школка“  во 21 часот, ќе се одржи концерт на фолклорна секција и тамбурашки оркестар на Културно уметничко друштво „Св. Јурај“„ од Драганиќ, Карловачка Жупанија, Република Хрватска.

Концертен настап во народни носии, е со цел презентација на традициското наследство на тој дел од Република Хрватска, додека Тамбурашки оркестар се состои од членови на различити генерации но  од ист музички опсег во изведби на тамбурашки мелодии, кои ќе го освежат културниот простор на настани во Скопје, ова лето.