За ВИП и за фанови – се отвори првата продавница на H&M во Скопје


Долгоочекуваната продавница на H&M конечно се отвори во Ист гејт мол во Скопје. За ВИП гости со шампањско и за фанови со добра журка. 

Еден од најголемите светски модни брендови од Шведска  денес, од 10 часот го пречекаа повеќе од 1.000 купувачи полни со ентузијазам, кои застанаа во редот уште од раните утрински часови за да бидат меѓу првите што ќе имаат можност да ги купат нивните омилени модни парчиња.

Сите посетители добија до 50 проценти попуст на избраната облека и истата понуда ќе важи до недела, 21 август. Возбудата надвор од продавницата започна на полноќ, кога првите фанови застанаа во редицата. Првите 100 купувачи застанати во редицата добија картички за подарок од H&M, во вредност од 15.000 денари за првиот во редицата, 10.000 денари за вториот, 6.000 денари за третиот и по 1.000 денари за сите останати.

 

This image has an empty alt attribute; its file name is HM2.jpg

„Го чекавме овој ден многу долго и воодушевени сме што видовме толку многу љубители на модата на отворањето на нашата прва продавница во Северна Македонија. Задоволство ни е да им посакаме добредојде на нашите клиенти и да им понудиме додадена вредност преку мода и квалитетот по најдобра цена, направена на одржлив начин. Исто така, многу сум горд на нашиот тим кој го овозможи ова и кој ќе обезбеди сите во нашата продавница да имаат најдобро можно шопинг искуство”, вели Томас Естрани, менаџер за продажба во H&M.

 

This image has an empty alt attribute; its file name is HM3.jpg

Два дена претходно, H&M го прослави доаѓањето во Македонија со ВИП настан.  Гостите беа канети со покани доставени на рака, а имаа можност да уживаат во уникатно искуство во форма на ексклузивен шопинг пред самото отворање.

Новата продавница на H&M во Скопје има површина од 2.300м2 и е дизајнирана согласно најновите трендови, со цел да понуди модерно и гостопримливо шопинг искуство. Нејзината огромна понуда ќе вклучува разновиден избор на облека за мажи, жени, тинејџери, деца и бебиња, како и широка понуда на модни додатоци. Работното време на продавницата ќе биде од 10 до 22 часот во работните денови и во сабота, додека во недела продавницата ќе работи до 20 часот.

This image has an empty alt attribute; its file name is HM14.jpg