Хрватска влегува во Шенген, Бугарија и Романија не


Белгија– Со едногласна одлука на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите-членки во Брисел, Хрватска станува 27-ма членка на Шенген зоната и за помалку од еден месец ќе се укинат граничните контроли на копнените и поморските гранични премини, а на пролет и на аеродромите. Министрите за внатрешни работи на 22 земји-членки на ЕУ кои се и членки на Шенген, денеска донесоа конечна одлука […]

Луис Енрике веќе не е селектор на Шпанија


Шпанија– Два дена по елиминацијата од Мароко во осминафиналето на Светското фудбалско првенство, Луис Енрике ја напушти должноста селектор на Шпанија.  Енрике, кој ја презеде Шпанија во мај 2018 година, по претходното Светско првенство 2018 во Русија, имаше важечки договор со Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ) до кракот на оваа година.  „РФЕФ им се заблагодарува […]

Милиони деца ќе добијат нова вакцина против маларија до крајот на 2023 година


Швајцарија – Новата вакцина против маларија RTS, S ќе биде пошироко дистрибуирана од крајот на следната година, со што ќе се заштитат милиони деца во земјите каде што болеста е најраспространета, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Повеќе од 20 земји планираат да ја користат RTS, S, а некои ќе почнат да ја користат следната година, информира Абдисалан Нур од […]

Ф1: Трката за ГН на Холандија останува во календарот до 2025


Англија– Трката за Големата награда на Холандија ќе се вози на патеката Зандворт до 2025 година, соопшти денеска Формула 1. Трката за ГН на Холандија беше вратена во календарот на Ф1 во 2021, по пауза од 36 години. „Со новиот договор е предвидено додавање на сезоните 2024 и 2025 на првичниот тригодишен договор. Трката на патеката Зандворт брзо стана […]

Климатски активисти се залепија на писта на аеродромот во Минхен


Германија– Активисти за климата по вторпат се обидоа да ја попречат работата на меѓународниот аеродром во Берлин БЕР, додека демонстранти успеаја да ја блокираат пистата на аеродромот во Минхен, јави ДПА. – Летовите во моментов не се ограничени, соопштија аеродромските власти на БЕР. Аеродромот соопшти дека е спроведена операција во безбедносната област „поради неовластен пристап“. Портпаролот на полицијата рече […]

„Тие не ги отвораат очите“ – мултимедијален проект-изложба на Тања Балаќ во Мала станица


Мултимедијалниот проект-изложба „Тие не ги отвораат очите“ на уметницата Тања Балаќ е поставен во Националната галерија – објект Мала станица и ќе трае до 11-ти овој месец. Проектот го опфаќа видео артот „Следната генерација“ чија анимцаија е изработена од Емил Пачковски, придружен со инсталација.   Изложбата ја отвори директорката  на Националната галерија Дита Старова Ќерими, […]

СП2022: Вокер – Не играме против Мбапе, туку против Франција


ОАЕ – Репрезентативецот на Англија, Кај Вокер, говорејќи околу претстојниот четвртфинален дуел на Светското првенство против Франција, рече дека Килијан Мбапе веројатно е еден од најдобрите фудбалери во светот, но истакна оти неговиот тим не смее да ги потцени другите француски репрезентативци. „Знам што треба да направам – да го спречам. Но, не игра Англија против […]

Викендов дожд, од понеделник и снег


Променливо облачно време ќе имаме и во наредните денови. За време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од понеделник се очекува заладување што ќе услови провејување на снег и во некои пониски места.

Хрватска ќе влезе во Шенген зоната, Романија можеби, а Бугарија – нема шанси


Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ кои се и членки на Шенген зоната денеска одлучуваат на проширување на тоа подрачје чиишто одлики се исклучување на засебна внатрешна контрола и слободен проток на луѓе и стоки. На маса пред министрите е проширување на Шенген зоната со три земји – Хрватска, Бугарија и Романија. Предлогот […]

Света архиерејска литургија во Соборниот храм по повод Св. Климент Охридски


По повод празникот на големиот светител Климент Охридски, патронот на нашата Света Црква – Македонската православна црква – Охридска Архиепископија во Соборниот храм во Скопје денеска се одржа света архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во соослужение со шест архиери и многубројни свештенослужители.   На литургијата проповедаше […]

Арсовска ги тргна портретите на поранешните градоначалници, ги ставила во ходникот до вецињата и бифето


Градоначалничката Данела Арсовска ги тргна портретите на досегашните градоначалници на Скопје кои над 20 години стоеја во салата за состаноци до нејзиниот кабинет, објави порталот СДК.мк. Според порталот, неколку месеци по доаѓањето на функцијата, Арсовска наредила портретите да се тргнат од салата и да се закачат во ходникот каде што се вецињата и бифето. Така, […]

Метеорологот Славчо Попоски: Регионот ќе го погоди снежна бура, моќниот циклус доаѓа и во Македонија


Моќниот циклон кој за време на викендот ќе го погоди целиот Балкански Полуостров, ќе донесе опасност од локални поплави, вели метеорологот Славчо Попоски. Со продорот на многу постуден воздух од Арктикот, во речиси сите земји од регионот се очекува и снег кој во планинските места ќе достигне висина дури и повеќе од 20-30 сантиметри, објаснува тој за НоваТВ. […]

Коридор 8 дел од мрежата на Европскиот коридор „Западен Балкан-Источен Медитеран”


Коридорот 8 влегува во Европскиот коридор за Западен Балкан-Источен Медитеран, како дел од мрежата на главните трансевропски коридори. Одлуката на Европската комисија, овој предлог да го стави на дневен ред пред Европскиот парламент и Советот на министри е резултат на иницијативите на земјите од Западен Блакан, вклучуваќи ги Република Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Италија, […]

Анархистичка група ја презеде одговорност за запалениот автомобил на италијанската дипломатка во Атина


Грција– Анархистичката група „Јадро на одмазда Карло Џулиани“ ја презеде одговорноста за запалениот автомобил, минатата седмица, на првата советничка во амбасадата на Италија во Грција Сузана Шлајн, јави дописничката на МИА од Атина. Во опширниот и детален текст објавен на анархистички сајт, групата ги објаснува причините за нападот што е во знак на поддршка и […]

„Сами сме дома”  – новогодишна детска претстава во Дом на АРМ


Модерната, забавната и интерактивната новогодишна детска претстава „Сами сме дома“ во која глумат 70 ученици од актерската школа на Весна Петрушевска ќе се прикажува во Дом на АРМ, оваа сабота, 10ти декември, oд 12 часот која е веќе распродадена и од 14 часот за која сеуште има карти.  „Драги деца и родители повелете да ја […]

Истражување: Граѓаните најмногу му веруваат на претседателот


Животот во Северна Македонија се движи во погрешна насока. Политичарите работат само за лични интереси. Кај нив не постои желба за вистинска промена и подготвеност за спроведување најнеопходни реформи. Ова е перцепцијата кај повеќето граѓани коишто учествувале во тематското истражување на Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС). Преку осум фокус групи целта била да се истражи јавната перцепција на квалитетот на живот, довербата […]

Флик ќе ја предводи Германија на ЕУРО2024 


Германија – Ханси Флик останува на должноста селектор на фудбалската репрезентација на Германија, иако четирикратниот светски првак својот настап на Мундијалот во Катар го заврши веќе во групната фаза и со тоа го повтори неуспешниот настап од Русија 2018. Од Фудбалската федерација на Германија (ДФБ)  прецизираа дека Флик ќе седи на селекторската клупа и за време […]

Поради магла намалена видливост во Крушево до 30 метри


Поради појава на магла во Крушево се бележи намалена видливост до 30 метри, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од […]

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно


САД – Сопственикот на „Твитер“ и на „Тесла“, Илон Маск, од денеска повеќе не е најбогатиот човек на светот, покажуваат податоците на престижниот њујоршки магазин „Форбс“. Маск падна од првото место по купувањето на „Твитер“ за 44 милијарди долари и продажбата на акции во неговата компанија за електрични автомобили. Првото место го зазеде Бернард Арно, сопственикот […]

СП2022: Инфантино – Фудбалот стана уште поглобален


ОАЕ – Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави денеска дека натпреварите во групната фаза на Мундијалот во Катар се најдобри во историјата на светските првенства поради големиот број изненадувања, како и географската распространетост на репрезентациите кои се пласираа во осминафиналето. „Резултатите од првиот круг на натпреварувањето покажуваат дека фудбалот станува уште поглобален спорт за што сведочат поразите на светските прваци […]