Хрватскиот Парламент изгласа дополнително оданочување на профитот на големите компании


Хрватска– Хрватскиот Сабор денеска на вонредна седница го изгласа Законот за дополнителен данок на добивка, според кој компаниите со зголемена добивка ќе бидат оданочени независно дејноста што ја вршат.

За воведување дополнителни даноци гласаа 96 пратеници, а 37 беа против, јави Хина.

Новата давачка ќе ја плаќаат компаниите кои во 2022 година имале годишен приход од над 300 милиони куни (приближно 40 милиони евра), со стапка од 33 отсто, но само за добивки кои се за 20 отсто повисоки од четиригодишниот просек.

Данокот е еднократен, а собраните средства првенствено ќе одат за поддршка на крајните потрошувачи на енергија, пред се ранливите домаќинства, така што дополнителниот данок на добивка има елемент на солидарен придонес.

Беа донесени уште неколку финансиски закони, меѓу кои и измените на Законот за кредитни институции, за да се обезбеди Европската централна банка од 1 јануари да може да врши надзор врз кредитните институции во Хрватска.