Фудбалерите имаат поголема веројатност да страдаат од невролошки проблеми по 65 години


Англија – Фудбалерите имаат поголема веројатност да страдаат од невролошки проблеми по 65-годишна возраст отколку остатокот од населението, покажува англиска студија. Студија на експерти од универзитет во источна Англија се потпира на онлајн тестови за проценка на когнитивната функција и следење на функцијата на мозокот. Учествуваа околу 145 поранешни професионални фудбалери од кои 55 биле постари од 65 години. […]

Селин Дион боледува од ретко невролошко заболување


САД– Канадската поп ѕвезда Селин Дион објави дека ѝ е дијагностицирано ретко невролошко нарушување наречeно синдром на вкочанетост (stiff-person syndrome) и дека мора ја презакаже турнејата за 2023. Канадската пејачка ја сподели веста за болеста преку емотивно видеообраќање. „Веќе подолг период се соочувам со здравствени проблеми и навистина ми беше тешко да ги прифатам овие […]

Тони Колет се разведува по 19 години брак


САД- Готово е. Тони Колет и нејзиниот сопруг Дејвид Галафаси се разделија по 19 години брак. „Со милост и благодарност објавуваме дека се разведуваме“, напиша 50-годишната актерка од Unbelievable во средата, 7 декември, во изјавата преку Инстаграм, потпишана од отуѓениот пар. „Ние сме обединети во нашата одлука и се делиме со континуирано почитување и грижа еден […]

Друштвото на филмски работници на Македонија со повик за прием на нови членови


Друштвото на филмски работници на Македонија објавува повик за прием на нови членови во секциите режија, продукција, камера, сценографија, костимографија и шминка, тон и монтажа; анимиран филм, а годинава прв пат ќе биде отворена и секција за сценаристи. Кандидати за членови на ДФРМ можат да бидат младите, идни филмски работници по завршувањето на школувањето во […]

Уметничка сензација. Изложба на Филип, деветгодишното момче со аутизам


Смислата на животот е да го пронајдете својот подарок, а целта на животот е да го искористите тој подарок. Деветгодишниот – Филип Циглењак Симоновски од Скопје, сигурно не знае за таа изрека на познатиот сликар Пабло Пикасо, но – со својата детска креативност, Филип, токму преку талентот за цртање, ги проширил границите на својот свет […]

Викендов пообилни и поројни врнежи, засилен ветер, од понеделник заладување


За време на викендот државава ќе биде под влијание на влажен бран што ќе предизвика времето да биде облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни од утре попладне до недела и на места ќе бидат поројни, над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, информираат од Управата за […]

Грип, ковид, и разни вирози ги празнат училиштата и работните места


Од земени примероци од болни лица, во лабораториски услови е потврдено дека еден број од нив се позитивни на Ковид-19, други на вирусот на грипот, трети пак се позитивни на аденовируси, а останатите на респираторен синцицијален вирус РСВ. Со други зборови, во променливиот декември услови за ширење си најдоа разни вируси, некои од нив подзаборавени […]

,,Од колено на колено”- промоција на новиот солистички албум на Александар Јовевски


Во понеделник, 12 декември, во 19 часот, во кино Фросина (МКЦ) ќе се одржи промоција на новиот солистички албум на Александар Јовевски ,,Од колено на колено”. На овој музички етно проект (албум) базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет, и е проект од национален интерес во културата. Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните […]

Безглутенска исхрана – Поздрав начин на живот или само уште еден тренд на модерното време?


Што е глутен? Глутенот е протеин кој се наоѓа во одредени житарки. Поради својата леплива текстура, глутенот му дава на тестото еластичност, а поради една од неговите главни карактеристики – држењето на обликот на тестото, ракувањето со брашното во кое нема глутен е многу комплицирано. Линк до целиот текст тука

Во црвено од глава до петици: Почна Божик за Џенифер Лопез


САД- Џенифер Лопез го чувствува божиќниот дух. Пејачката „Let’s Get Loud“ (53) го потенцира црвениот изглед од глава до пети инспириран од Божиќ во серија фотографии на Инстаграм објавени вчера, носејќи ја бојата на сè, од усните до чевлите и персонализирана чанта на Валентино„J.Lo“.  „Почнува многу да личи на Божиќ“, објави Лопез заедно со зелени […]

По Опра Винфри и Мерил Стрип: Шарлиз Терон почестена на гала настанот  „Women in Entertainment“


САД – Шарлиз Терон веќе еднаш почна да сведочи за повеќе жени во моќни улоги во филмската индустрија. „Жените ја уриваат целата зграда…  изјави оскаровката по примањето на Sherry Lansing Leadership Award на „Холивуд рипортер“ што ѝ ја врачи нејзиниот пријател Сет Роген за нејзината филантропска работа во Холивуд. Терон ги пофали женските лидери кои […]

Жители на село во Белгија на лотарија заедно освоиле над 143 милиони евра


Белгија– Група од 165 жители на селото Олмен во белгиската провинција Антверпен освоила повеќе од 143 милиони евра на лотарија Јуромилионс (Euromillions).   -Жителите на Олмен ги собрале парите и заедно купиле ливче во киоск. Секој од нив освои од по околу 868.000 евра, соопшти Белгиската државна лотарија.   За жрепката во вторникот имало 27 милиони […]

Јапонија, Велика Британија и Италија заеднички ќе развиваат борбен авион од новата генерација


Јапонија– Јапонија ќе соработува со Велика Британија и Италија на проектот за нова генерација борбени авиони, соопштија денеска трите земји. Токио, Лондон и Рим ќе започнат амбициозен проект за развој на борбен авион од новата генерација, а прототипот се очекува до 2035 година, како дел од „Глобалната борбена воздухопловна програма (GCAP – Global Combat Air […]

„New Era“- концертна промоција на албумот на Никола Мицевски во Битола


Никола Мицевски, музичар, композитор, аранжер…човек кој моќно стои позади клавијатурата за најпознатите македонски музички ѕвезди, на нивните концерти и е дел од музичките записи на легендарните нивни песни, вечерва во 20 часот на сцената од Големата сала на Центарот за култура, заедно со 15 врвни музичари, а негови соработници ќе го одржи својот солистички концерт, […]

„Европа го зборува мојот мајчин јазик“, нова стихозбирка од Веле Смилевски


 „Европа го зборува мојот мајчин јазик“ е насловот на новата поетска книга на Веле Смилевски во издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје. Стихозбирката е посветена на европските поети, добитници на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, чии опуси се објавени на македонски јазик. Покрај насловната песна, книгата ги содржи […]

СП2022: Стерлинг се враќа во англиската репрезентација


Англија – Напаѓачот на англиската фудбалска репрезентација Рахим Стерлинг ќе се врати во Катар за да конкурира за настап во четвртфиналниот дуел на Светското првенство против Франција кој е на програмата в сабота од 20 часот. Стерлинг итно се врати во Англија на денот на осминафиналниот натпревар против Сенегал за да биде со семејството по оружен грабеж во семејниот дом. „Напаѓачот […]

Осветлена новогодишната елка во Солун


Грција – Во присуство на голем број граѓани и на солунскиот градоначалник, на свечена манифестација на плоштадот Аристотел во Солун, беше осветлена новогодишната елка, но и украсните светилки во центарот на градот во пресрет на празниците, јави дописничката на МИА од Атина. Елката во Солун пристигна од планинско село од Халкидики, висока е 18 метра и […]

Хрватска влегува во Шенген, Бугарија и Романија не


Белгија– Со едногласна одлука на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите-членки во Брисел, Хрватска станува 27-ма членка на Шенген зоната и за помалку од еден месец ќе се укинат граничните контроли на копнените и поморските гранични премини, а на пролет и на аеродромите. Министрите за внатрешни работи на 22 земји-членки на ЕУ кои се и членки на Шенген, денеска донесоа конечна одлука […]

Луис Енрике веќе не е селектор на Шпанија


Шпанија– Два дена по елиминацијата од Мароко во осминафиналето на Светското фудбалско првенство, Луис Енрике ја напушти должноста селектор на Шпанија.  Енрике, кој ја презеде Шпанија во мај 2018 година, по претходното Светско првенство 2018 во Русија, имаше важечки договор со Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ) до кракот на оваа година.  „РФЕФ им се заблагодарува […]