Изграден нов бетонски канал кон хидроцентралата Врбен на местото на стариот канал од ’50тите години, урнат во свлечиште
Воспоставен е протокот на водите низ новиот бетонскиот канал кон хидроелектраната Врбен, изграден по уривањето на стариот, предизвикано од лизгање земјиштето на тешко достапен терен кон крајот на септември. Како што соопшти АД ЕСМ, низ каналот веќе се пуштаат водите од трите најголеми зафати од доводот Горна Радика. Завршени се и земјените работи околу поставување […]