УХМР: Следува период со пониски утрински температури


Фото: Б. Грданоски

Следува период на стабилно време со пониски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре и во среда по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, кога и дневните температури ќе се задржат пониски. Потоа дневните температури ќе бидат во постепен пораст.