Адвокатската фирма на Мадона, Ники Минаж и други ѕвезди, цел на кибернапад


Адвокатската фирма „Грабмен Шајр Мејселас енд Сакс“, која ги застапува Лејди Гага, Мадона, Ники Минаж и други познати личности, изминатава недела била цел на кибернапад, при што се украдени голем број приватни податоци. Како што пренесува „Варајети“, хакерите, наводно, презеле 756 гигабајти информација, вклучително и договори, телефонски броеви, електронски адреси и лични преписки. Информацијата не …

Адвокатската фирма на Мадона, Ники Минаж и други ѕвезди, цел на кибернапад Read More »

Како да избегнете развод? Тајната е формулата 5:1


Зошто некои врски се осудени на пропаст и покрај големата љубов, додека некои бракови успеваат да преживеат, дури и кога емоциите се многу поблаги? Дали постои таен рецепт за долговечноста на една врска, прашање на кое многумина се обидуваат да одговорат. Ако сакате да имате среќен брак и партнер со кого ќе доживеете длабока старост, …

Како да избегнете развод? Тајната е формулата 5:1 Read More »

Банкротираше една од најстарите авио-компании во светот


Колумбиската авиокомпанија „Авианка холдингс“, втората по големина латиноамериканска компанија и една од најстарите во светот, поднесе барање за банкрот. До банкрот  дојде по крајниот рок за исплата на обврзниците, а колумбиската влада не одговори на нивните барања за помош. Доколку не успее да излезе од банкрот, „Авианка“ ќе биде една од првите најголеми носители во …

Банкротираше една од најстарите авио-компании во светот Read More »

Земјотрес почувствуван во Охридско и Струшко


Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала утрово, во 5 часот и 9 минути, е почувствуван од населението во Охрид, Струга и околината. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот се наоѓа на 114 километри југозападно од Скопје и потекнува од Охридското епицентрално подрачје. …

Земјотрес почувствуван во Охридско и Струшко Read More »

Ова се трите најтешки хороскопски знаци, дали сте вие меѓу нив?


Овие три знаци многу лесно се лутат, нервираат и разбеснувааат…и потоа си тераат по свое! Овен Не им се допаѓа кога некој им се заканува на кој било начин, односно кога сакаат да се истакнат во некоја смисла и да бидат подобри од нив. За нив не е лесно да го прифатат тоа. Некој може …

Ова се трите најтешки хороскопски знаци, дали сте вие меѓу нив? Read More »

Јужна Кореја ги затвора ноќните клубови кои станаа жаришта на Ковид-19


Градоначалникот на градот Инчон во близина на Сеул нареди привремено затворање на клубовите, дискотеките и другите угостителски објекти, поради загриженост за втор бран на коронавирусот. Парк Намчун, градоначалник на Инчон, изјави дека затворањето на објектите за ноќен живот ќе трае две недели и дека секој што ќе ја наруши наредбата може да биде осуден на …

Јужна Кореја ги затвора ноќните клубови кои станаа жаришта на Ковид-19 Read More »

Одложени претседателските избори во Полска, новиот датум најрано во јуни


Шефот на полската Изборна комисија изјави дека претседателот на полскиот парламент – Сејмот има 14 дена за да го соопшти новиот датум за претседателските избори во земјата. Претседателските избори во Полска првично требаше да се одржат вчера, но заради епидемијата на коронавирус, владата и опозицијата на 7 мај се договорија тие да се одложат, пренесуваат …

Одложени претседателските избори во Полска, новиот датум најрано во јуни Read More »

(Фото) Се појави доказ: Ким Џонг Ун користи двојници?


Водачот на Северна Кореја Ким Џонг Ун неодамна беше снимен како разговарa со двојници, облечени идентично со него во црни костуми. Ова видео е најочигледен доказ дека Ким користи двојници, изјави британскиот „Сан“. Видеото се појави откако Ким „исчезна“ скоро три недели, со шпекулации за тоа дали тој починал или е сериозно болен, пред да …

(Фото) Се појави доказ: Ким Џонг Ун користи двојници? Read More »

Пандемијата влијае и врз метеоролошките набљудувања


Светската метеоролошка организација (ВМО) предупреди дека пандемијата на коронавирусот влијае и врз метеоролошките набљудувања поради намалениот воздушен сообраќај. Сите метеоролошки услуги се потпираат на глобалниот систем за набљудување на ВМО. Вообичаено функционираат 30 метеоролошки сателити, 200 истражувачки сателити, 10.000 површински станици, автоматски или со персонал, 1.000 станици на надморска височина, 7.000 бродови и 7.000 цивилни …

Пандемијата влијае и врз метеоролошките набљудувања Read More »

СЗО: Клинички да се испита хербалната напивка „Ковид-органикс“ од Мадагаскар


Светската здравствена организација ги советува владите клинички да ја тестираат хербалната напивка промовирана од претседателот на Мадагаскар, Андри Раџоелина, како лек против новиот коронавирус, објави „Гардијан“. „Ковид-органикс“ потекнува од артемисија – растение со докажани антималарични својства – и други автохтони билки. Раџоелина се надева дека ќе го дистрибуира напитокот низ Западна Африка и пошироко, и …

СЗО: Клинички да се испита хербалната напивка „Ковид-органикс“ од Мадагаскар Read More »

Трамп и Пенс секојдневно ќе се тестираат за новиот коронавирус


Американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот на САД Мајк Пенс ќе бидат тестирани секој ден за новиот коронавирус. Тоа го објави Пенс како одговор на новинарско прашање. Трамп претходно рече дека немал речиси никаков контакт со вработениот во Белата куќа, кој е тестиран позитивно за коронавирус, додавајќи дека сите вработени во Белата куќа исто така …

Трамп и Пенс секојдневно ќе се тестираат за новиот коронавирус Read More »

Завршен планот за скрининг од следната недела, ќе се анализира скокот во бројот на нови заразени


Скокот во бројот на нови инфицирани со КОВИД-19  –  потврдени 33 случаи за 24 часа, од кои најмногу во Скопје (11) и во Велес (девет), ќе се следи деновиве за да се утврди дали е случајност или некоја варијација, рече министерот за здравство Венко Филипче откако по неколку дена пад и повеќе оздравени отколку заразени, …

Завршен планот за скрининг од следната недела, ќе се анализира скокот во бројот на нови заразени Read More »

Гените клучни за реакцијата на телото на корона вирусот?


Повеќето научници се убедени дека гените играат клучна улога во создавање на одговор во човечкото тело на инфекција со коронавирус, пишува лондонски Гардијан. Генетскиот склоп на секоја личност влијае на рецепторите преку кои корона вирусот се врзува за молекулите на нашите клетки. Студијата, водена од професорот Тим ​​Спектор од лондонскиот колеџ, наведува дека симптомите кај …

Гените клучни за реакцијата на телото на корона вирусот? Read More »

Како ќе изгледа престојот вo грчките хотели?


Најголемата загриженост за последиците од коронавирусот во Грција е во секторот туризам. Бидејќи годинешната летна сезона ќе биде послаба од претходните години, хотелиерите очекуваат да бидат во загуба од повеќе од 50 проценти. Постојат шпекулации дека шведската маса во хотелите може да стане дел од минатото, бидејќи се претпоставува дека може да се замени со …

Како ќе изгледа престојот вo грчките хотели? Read More »

Хрватска: Ова во иднина ќе биде задолжително за туристите


Хрватските медиуми пренесуваат кога ќе започне сезоната и какви мерки ќе треба да ги исполнат туристите. Договори за епидемиолошки мерки за угостители, хотелиери и приватно сместување започнуваат во Хрватска оваа недела, така што туристичката сезона би можела барем делумно да започне на 1 јуни, пишува „Јутарњи лист“. Угостителите, хотелиерите и претставниците на приватните здруженија за …

Хрватска: Ова во иднина ќе биде задолжително за туристите Read More »

Голема хуманитарна акција на асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС


ГРУПАЦИЈАТА „НОВОМАТИК“ ВО МАКЕДОНИЈА („АДМИРАЛ“, „АСТРА“ И КАЗИНО „ФЛАМИНГО“ ХОТЕЛ) И АПЕКС МАКЕДОНИЈА ОДЛУЧИЈА ДА ДОНИРААТ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 200.000 ЕВРА Како општествено одговорни компании, Групацијата „Новоматик“ во Македонија („Адмирал“, „Астра“ и Казино „Фламинго“ Хотел) и АПЕКС Македонија целосно свесни за тешкотиите со кои се соочуваат јавните здравствени институции, длабоко почитувајќи ги …

Голема хуманитарна акција на асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС Read More »

Дали сте сонувале за нешто грдо? Еве што навистина значат кошмарите и како да ги запреме


Експертите објаснуваат зошто сонуваме лоши соништа, но и како да спречиме кошмари, за да може конечно да се одморите. Научниците велат дека соништата се „приказни што мозокот ги раскажува за време на сонот – збир на слики, чувства и сеќавања кои неволно се случуваат за време на РЕМ фазата на сонот“. Звучи убаво, но како …

Дали сте сонувале за нешто грдо? Еве што навистина значат кошмарите и како да ги запреме Read More »

Самоубиство поради коронавирусот и поплаки од членови на семејството во првиот месец од пандемијата


Едно убиство и четири самоубиства бележи билтенот на полицијата откако почнаа рестриктивните мерки во државава поради коронавирусот. Еден случај од самоубиствата кој е регистриран во Штип е поврзан со Ковид-19. Лицето како причина за самоубиството во последната  порака ја посочило расправијата со сопругата околу коронавирусот. Во истиот период регистрирани се  и девет обиди за самоубиство за …

Самоубиство поради коронавирусот и поплаки од членови на семејството во првиот месец од пандемијата Read More »

Досега се излекувани 852 лица од Ковид-19, во шест градови нема повеќе активни случаи


Во моментов во земјава се активни 572 случаи на заболени лица со корона вирус. Досега се излекуваа 852, а починаа 82 лица. Од извршени 16.997 беа потврдени 1.506 позитивни случаи на Ковид-19. Во шест градови, во Дебар, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар нема повеќе активни случаи со коронавирус. Вчера, Институтот за јавно здравје …

Досега се излекувани 852 лица од Ковид-19, во шест градови нема повеќе активни случаи Read More »

Oблачно со повремени локални врнежи од дожд


Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови. Утринската температура ќе се движи од 6 до 12, а дневната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, според УХМР, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со засилен северен …

Oблачно со повремени локални врнежи од дожд Read More »