Адвокатската фирма на Мадона, Ники Минаж и други ѕвезди, цел на кибернапад


Адвокатската фирма „Грабмен Шајр Мејселас енд Сакс“, која ги застапува Лејди Гага, Мадона, Ники Минаж и други познати личности, изминатава недела била цел на кибернапад, при што се украдени голем број приватни податоци.

Како што пренесува „Варајети“, хакерите, наводно, презеле 756 гигабајти информација, вклучително и договори, телефонски броеви, електронски адреси и лични преписки. Информацијата не е потврдена.

Меѓу луѓето оштетени во кибернападот, се спомнуваат и Брус Спрингстин, Кристина Агиљера, Мараја Кери, Пријанка Чопра, Бет Милдер, Џон Оливер, Сем Њутон, фирмата Фејсбук.