Гените клучни за реакцијата на телото на корона вирусот?


Повеќето научници се убедени дека гените играат клучна улога во создавање на одговор во човечкото тело на инфекција со коронавирус, пишува лондонски Гардијан.

Генетскиот склоп на секоја личност влијае на рецепторите преку кои корона вирусот се врзува за молекулите на нашите клетки.

Студијата, водена од професорот Тим ​​Спектор од лондонскиот колеџ, наведува дека симптомите кај луѓето со ковид 19 се чини дека се под влијание на најмногу 50 проценти од гените.

Покрај генот, симптомите се засегнати и од општата здравствена состојба на заразеното лице, отпорност на инфекција со корона вирус и општа имунолошка реакција во моментот на инфекција. Професорот Спектор предупредува дека се потребни дополнителни истражувања за целосно да се разберат кои гени се најважни и како тие реагираат на инфекција со корона вирус. Важноста на генот беше индицирана со смртта на две сестри близнаци кои починале минатиот месец во болница во Саутемптон. Двете сестри близначки живееле заедно и двете биле во лоша здравствена состојба пред инфекцијата, во исто време и двете заболеле од  Ковид 19 и набргу потоа и двате починале од инфекцијата.