Трамп и Пенс секојдневно ќе се тестираат за новиот коронавирус


Американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот на САД Мајк Пенс ќе бидат тестирани секој ден за новиот коронавирус. Тоа го објави Пенс како одговор на новинарско прашање.

Трамп претходно рече дека немал речиси никаков контакт со вработениот во Белата куќа, кој е тестиран позитивно за коронавирус, додавајќи дека сите вработени во Белата куќа исто така ќе бидат тестирани секој ден за вирусот. Претседателот додаде дека неговите тестовите од средата и четвртокот биле негативни.

САД регистрирале 2.448 смртни случаи од новиот коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број достигна повеќе од 75.500, според универзитетот Џонс Хопкинс.

Заразени се повеќе од 1,25 милиони луѓе. Околу 195.000 луѓе се опоравиле. Повеќе од 8,1 милиони тестови се извршени во државата. Од 1 април, просечната дневна бројка на смртни случаи од коронавирусот во САД е над 1.000.