И Заев ги бодри ракометарите во Вараждин


Облечен во националниот дрес, премиерот Зоран Заев дојде во Вараждин за да ги бодри македонските ракометари на мечот против Шпанија. Во арената на северот во Хрватска има околу три илјади македонски навивачи. Македонија се бори за историски пласман во полуфиналето.

Битолчанка пронајдена мртва со изгореници


Битолчанката В.А. (66) е пронајдена мртва во нејзиниот стан на улицата „Сремска Митровица“, денеска десетина минути по полноќ. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека нејзиниот син во петокот околу 13 часот излегол на работа и вечерта кога се вратил дома, ја забележал мајка си без знаци на живот на подот од дневната соба во …

Битолчанка пронајдена мртва со изгореници Read More »

Патнички воз прегази жител на Миравци


Шеесет и четиригодишен жител на гевгелиското Миравци загина во несреќа што се случи на влезот од железничката станица во селото. Според полицијата, вчера околу 11.55 часот, возот што сообраќал од Гевгелија кон Миравци удрил во С.Г. (64), кој починал на самото место. По увидот, телото е предадено за обдукција.  

ЕХФ: „Лудата банда“ фрли око на медал


  „Лудата банда фрли око на медал“, стои во насловот на текстот на официјалната страница на ракометното Европско првенство во Хрватска. Авторот на текстов вели дека Македонија сигурно има искуство и квалитет за големи дострели, бидејќи во составот игра ракометари како Борко Ристовски, Дејан Манасков и Кирил Лазаров. Најголемиот успех на Македонија е петтото место …

ЕХФ: „Лудата банда“ фрли око на медал Read More »

Грците сакаат да се реши спорот со името


Мнозинството Грци посакуваат да се реши прашањето со името, покажува новото истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Алко“ за грчкото радио „24/7“. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, 63 отсто од испитаниците се за постигнување заемно прифатливо решение, 21 отсто сметаат дека работите треба да останат така како што се …

Грците сакаат да се реши спорот со името Read More »

Вучиќ во Косово: Србите да останат на своите огништа


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска им порача на Србите на Косово дека мораат да останат и да опстанат на своите огништа, со понатамошна и поголема помош од државата, а на Албанците им порача дека, без оглед на различните интереси, Србија сака и ќе направи се да го зачува мирот и да ги реши несогласувањата. – …

Вучиќ во Косово: Србите да останат на своите огништа Read More »

Македонци повредени во Банско


Четворица Македонци се повредени и сместени во болница во Разлог по сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на патот Добриниште-Банско, јави бугарската новинска агенција БГНЕС. Се работи за тројца 48 годишни мажи и еден на возраст од 41-на година, кои во моментов се наоѓаат надвор од животна опасност. Извештајот за сообраќајната несреќа беше доставен во …

Македонци повредени во Банско Read More »

Најстудено во Скопје и во Берово


 Утрово до седум часот најстудено беше во Скопје (Петровец) и во Берово, минус четири степени, а максимални шест се измерени во Дебар. Според УХМР, -3 е во Гевгелија и Струмица, -2 е во Скопје (Зајчев Рид), -1 е во Крива Паланка, Битола, Демир Капија, Штип и Тетово, еден степен е во Крушево, Ѓуриште и Пожаране, два …

Најстудено во Скопје и во Берово Read More »

Червар: Борко ме провоцира


Хрватскиот селектор Лино Червар одби да влезе во „војна“ со македонскиот голман Борко Ристовски, кој пред три дена порача дека времето на Червар одамна поминало. „Сметам дека тоа е само провоцирање и ништо друго. Тој нема никаква важност за мене. Ова е обид само да се наруши мојот мир. Оние кои не познаваат мене и …

Червар: Борко ме провоцира Read More »

Мицкоски: Власта не провоцира да го напуштиме Собранието


Господине Мицкоски, помина еден месец откако седнавте на водечкото столче во ВМРО-ДПМНЕ. Во каква кондиција ја затекнавте партијата, односно што ви остави претходникот Никола Груевски како наследство? – ВМРО-ДПМНЕ ја затекнав во релативно добра кондиција, но со многу актуелни политички предизвици, кои се наметнати и врзани со актуелна политичка и општествена ситуација. ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа …

Мицкоски: Власта не провоцира да го напуштиме Собранието Read More »

Конкурс за Ќосе


Ерол Ризаов Последен час е кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов во консултации со научните експерти и негови советници да распишат јавен оглас за нов Ќосе што ќе го ликвидира предавникот и непријател број 1 на Македонија , Зоран Заев, и ќе ја заврши работата како што треба, според добрата традиција на револуционерната организација …

Конкурс за Ќосе Read More »

Не гледам план „Б“, но гледам светла иднина


Генералниот генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг, порача вчера дека вратата на НАТО е отворена, но поминувањето на прагот бара сериозна работа. Иако неколкупати изјави дека е импресиониран од напорите и реформите што ги прави владата, и дома, и во однос на соседите и отворените прашања, тој спомна неколку битни работи што треба да се …

Не гледам план „Б“, но гледам светла иднина Read More »

Во гужва сум, ќе те барам…


Анета Димовска Не можам да се сетам некој да се пожалил дека има премногу време на располагање, а секојдневно слушам: „Немам време за ништо“ или одговор на телефон или по порака : „Во гужва сум, ќе те барам…“ Зошто недостига време и зошто се сите толку зафатени?! Економистот Џон Мејнард Кејнс во 1930-тата година предвидува …

Во гужва сум, ќе те барам… Read More »

Еуроактив: ВМРО-ДПМНЕ и Русија го блокираат решението за името


Еуроактив: ВМРО-ДПМНЕ со помош од Русија, се обидува да го попречи решавањето на спорот за името Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ охрабрувана од Русија, се обидува да го попречи решавањето на спорот со Грција за името што го блокираше напредокот на Република Македонија  во пристапувањето во НАТО и во европска Унија, пишува Еуроактив. Порталот коментира дека изјавата на македонскиот преговарач Васко …

Еуроактив: ВМРО-ДПМНЕ и Русија го блокираат решението за името Read More »

Хрватска со тешки маки против Белорусија


Домаќинот Хрватска се намачи против Белорусија со 25-23 на стартот од втората фаза од натпреварувањето на Европското првенство во ракомет. Со оваа победа, „коцкестите“ ги задржуваат шансите за пласман во полуфиналето, иако за тоа ќе им бидат потребни победи против Норвешка во сабота и Франција во среда. По поразот од Шведска во сплитската „Спаладиум“, спласна …

Хрватска со тешки маки против Белорусија Read More »

Иванов: Да не се носат избрзани одлуки


 Како претседател на Република Македонија, како и до сега, ќе продолжам да соработувам со Владата и ќе ги поддржувам суштинските европски реформи кои ќе произлезат од отворена и вистинска јавна дебата и околу кои ќе се постигне широк консензус, порача претседателот Ѓорге Иванов, на вечерашниот прием за членовите на дипломатскиот кор, што се одржува во …

Иванов: Да не се носат избрзани одлуки Read More »

Итен состанок на Коѕијас и Ципрас за името


За вчерашната средба во Њујорк, за текот на преговорите и за презентираните предлози од медијаторот Нимиц, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас го информирал грчкиот премиер на нивната денешна средба во премиерската палата. Состанокот, како што јавува дописникот на МИА од Атина, бил закажан за попладневните часови, а официјално не беше најавен ниту …

Итен состанок на Коѕијас и Ципрас за името Read More »

И Бугарија го одобри договорот со Македонија


Прламентот на Бугарија едногласно го ратификуваше договорот за добрососедски односи со Македонија. На одобрувањето на договорот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев. Договорот најпрво го подржаа 182 пратеници, а на второто гласање бројката нарасна до 186. Договорот за добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија го потпишаа премиерите на двете земји, Зоран Заев и …

И Бугарија го одобри договорот со Македонија Read More »

Вујовиќ: Дај боже Македонија да освои медал


Пред заминувањето за Вараждин, селекторот на Словенија, поранешен селектор и на Македонија даде своја оценка на развојот на настаните во групите Ц и Д, кои ја формираа групата 2 од главната фаза. – Германија не успеа да победи ниту една селекции од групата, одигра нерешено со Словенија и со Македонија. Во следната фаза ќе има …

Вујовиќ: Дај боже Македонија да освои медал Read More »

Србија без шанси против Норвешка


Норвешка ја забележа првата победа во втората фаза од натпреварувањето на ракометното Европско првенство во Хрватска откако попладнево ја совлада Србија со 32-27 (17-17). Натпреварот беше израмнет во првото полувреме, но во второто полувреме квалитетот дојде до израз и „викинзите“ стигнаа до двата бода. Норвешка сега има четири бода во пресрет на саботниот меч со …

Србија без шанси против Норвешка Read More »