Патнички воз прегази жител на Миравци


Шеесет и четиригодишен жител на гевгелиското Миравци загина во несреќа што се случи на влезот од железничката станица во селото. Според полицијата, вчера околу 11.55 часот, возот што сообраќал од Гевгелија кон Миравци удрил во С.Г. (64), кој починал на самото место. По увидот, телото е предадено за обдукција.