Србија без шанси против Норвешка


Норвешка ја забележа првата победа во втората фаза од натпреварувањето на ракометното Европско првенство во Хрватска откако попладнево ја совлада Србија со 32-27 (17-17). Натпреварот беше израмнет во првото полувреме, но во второто полувреме квалитетот дојде до израз и „викинзите“ стигнаа до двата бода. Норвешка сега има четири бода во пресрет на саботниот меч со Хрватска, додека Србија останува без ниту поен и без никакви шанси за добар пласман.