Вучиќ во Косово: Србите да останат на своите огништа


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска им порача на Србите на Косово дека мораат да останат и да опстанат на своите огништа, со понатамошна и поголема помош од државата, а на Албанците им порача дека, без оглед на различните интереси, Србија сака и ќе направи се да го зачува мирот и да ги реши несогласувањата.

– Србите мора да останат и да опстанат на своите огништа на Косово и Метохија. Не смееме да бидеме помалку на земјата на која од секогаш сме живееле. Затоа како држава ќе се бориме на сите начини, порача Вучиќ од Бањска, каде и покрај снежното невреме, го дочекаа голем број граѓани и свештеници од манастирот.

– Во моментов најважни се три работи, а првата е дека Србите мораат да останат и опстанат на Косово и Метохија, а државата мора да го обезбеди нивниот економски напредок, да ја обезбеди нивната сигурност и да се пресмета со криминалот и корупцијата, рече Вучиќ.

Тој истакна дека дошол да разговара со граѓаните кои се вознемирени по злосторничкото убиство на Оливера Ивановиќ и дека сака да разговара за безбедноста и кои се тоа органи што треба да ја гарантираат таа безбедност.

– Сакам да разговарам за безбедноста, кои органи се тука да ја гарантираат безбедноста. Да видиме како тие го прават тоа, подвлече тој.

Осврнувајќи се на атентатот на Ивановиќ, Вучиќ рече дека Србија, иако била подготвена да учествува во истрагата, што не сака албанската страна, ќе разменува информации со косовските институции, и дека ќе ги почека конечните резултати.

– Ќе видиме дали истрагата ќе доведе до извршителите на ова гнасно злосторство.Ако тоа не се случи, многу работи ќе бидат јасни, како што реков првиот ден, подвлече тој.

Вучиќ рече дека по прашањето за безбедност Србија мора да пронадје нови модуси со цел безбедноста и мирот на граѓаните со српска националност да ги направи појасни, повидливи и да има помалку вознемиреност.

– За нас од клучно значење е да пронајдеме дополнителни механизми за борба против криминалот и копрупцијата во сопстевните редови, им порача тој на Србите.

Зборувајќи за вложувањата на српската Влада во обнова на Косово, Вучиќ истакна дека дека досега е направено многу и оти Владата учествувала во 170 проекти, 42 цркви и манастири.

– Останува да вложиме уште 250 милиони, а 168 милиони динари веќе вложивме. Многу работи се направени во Бањска, не само иконостасот и ѕидовите на манастирот, туку многу направивме и во бањата со што се врати и животот во Бањска. Од исклучително значење е да се заврши проектот Сончева долина, станбена населба за околу 300 семејства, рече Вуќиќ.

На Србите на Косово им се заблагодари на цврстината, постојаноста, храброста и желбата да ја чуваат својата земја, својата Србија, но и своите семејства.

– Дојдов да им порачам на Албанците, без оглед што неретко Србите ги доживуваат како, не би рекол непријатели, туку како противници, и неретко имаме различни интереси, дека Србија не само што сака мир, туку ќе даде се од себе тој мир да го зачуваме. Ќе направиме се со цел да ги решиме повеќедецениските и повеќевековните несогласувања, да обезбедиме трајност на тој мир, и безбедност за секоје албанско и српско земејство, изјави српскиот претседател.