Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром


Денеска се отвора трговскиот центар Џевахир Мал Скопје во Општина Аеродром. Отворањето на Џевахир Мол Скопје ќе биде одбележано со музичка програма под мотото „Аеродром пулсира“ на која ќе настапат ДНК, Таско, Лара и Пајак и ДЈ Мац, а најмладите посетители ќе се дружат со Стела и Сани. Програмата започнува во 18:00 часот. Турскиот бренд …

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром Read More »

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара


Куќен притвор во траење од 48 часа е определен за две од лицата кои беа задржани за убиството на докторот во скопската населба Железара, соопшти утринава Јавното обвинителство.  Оттаму информираат дека ваква мерка е побарана со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази.  – Јавен обвинител од скопското Основно јавно …

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара Read More »

Наскоро ќе можеме да видиме космичка експлозија со голо око. Ова се гледа еднаш во животот


Небесен танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со експлозија толку сјајна што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија денеска астрономите од Универзитетот Нотингем Трент. Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како нова ѕвезда која силно свети на ноќното небо …

Наскоро ќе можеме да видиме космичка експлозија со голо око. Ова се гледа еднаш во животот Read More »

Епидемик – Еден од најдобрите трибјут бендови на Перл Џем денеска во Скопје


Вечерва, во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL JAM трибјут бендови во регионот. Бендот Epidemic е создаден во 2017 година во Нови Сад како музички проект фокусиран на гранџ музиката, со посебен акцент на наследството на бендот Pearl Jam. Бендот го сочинуваат талентирани музичари – гитаристите Никола и Невен, тапанарот Угљеша и басистот Марко, а …

Епидемик – Еден од најдобрите трибјут бендови на Перл Џем денеска во Скопје Read More »

Толпа во Мексико, до смрт, ја претепа жената киднаперка на убиеното девојче, на улица


Во мексиканскиот туристички град Такско, вчера, толпа гневни граѓани брутално претепаа жена осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче. Луѓето до смрт ја претепале жената неколку часа пред познатата градска поворка на Светата недела, пишува АП. Толпата настана откако во средата исчезна 8-годишно девојче. Нејзиното тело било пронајдено вчера рано наутро на пат на …

Толпа во Мексико, до смрт, ја претепа жената киднаперка на убиеното девојче, на улица Read More »

Баерн ќе го обештети Тухел со 12 милиони евра


Актуелниот германски фудбалски првак Баерн Минхен ќе им плати отштета во висина од 12 милиони евра на родителите на тренерот Томас Тухел за раскин на неговиот договор. Веста денеска ја објави германскиот весник „Билд“, прецизирајќи дека обештетувањето ќе биде исплатено по завршување на оваа сезона. Според изворот, клубот ќе мора да ја исплати платата што …

Баерн ќе го обештети Тухел со 12 милиони евра Read More »

ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“


ЈСП Скопје информира дека поради надградба на системот за наплата која се вршеше во изминативе неколку денови, регистрирани се инцидентни технички проблеми кај одреден број корисници при валидирање со мобилен телефон (185) или мобилната апликација „Скопска“. ЈСП апелира до сите кои констатирале пропуст при валидирањето и сметаат дека се оштетени, да го пријават случајот на …

ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“ Read More »

Полјаците разоткрија голема руска шпионска мрежа насочена против Европската унија


Полската контраразузнавачка служба (ABW) ги истражува активностите на проруската шпионска мрежа насочена против држави и тела членки на ЕУ. Ова денеска го соопшти Јацек Добржински, портпарол на полскиот владин координатор на тајните служби, пренесува onet.pl. Според ABW, членовите на мрежата сакале да организираат проруски иницијативи и медиумски кампањи во ЕУ со цел да ја промовираат …

Полјаците разоткрија голема руска шпионска мрежа насочена против Европската унија Read More »

ОЛАФ бара Македонија да врати 2,3 милиони евра на ЕК злоупотребени преку Еразмус+ во 2016-2018


Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара  поврат на 2,3 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година. Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на ОЛАФ, на 30 ноември 2023 по е-пошта пратил известување до Националната агенција за европски образовни програми и …

ОЛАФ бара Македонија да врати 2,3 милиони евра на ЕК злоупотребени преку Еразмус+ во 2016-2018 Read More »

Болницата „Св.Еразмо“ во Охрид пример за установа која вложува во нова опрема и зајакнување на кадарот


Министерот за здравство, д-р Илир Демири заедно со заменик министерката, д-р Маја Манолева денеска ја посетија Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, каде изминатите неколку години се реализирани бројни инвестиции во нова медицинска опрема, инфраструктурни проекти, како и континуирано зајакнување на кадарот.   – Една од најзначајните инвестиции во нова опрема е …

Болницата „Св.Еразмо“ во Охрид пример за установа која вложува во нова опрема и зајакнување на кадарот Read More »

Арсовска избрана за портпарол за корупција на Конгресот на локални власти на СЕ


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес во Совет на Европа на Конгресот на локални власти едногласно е избрана за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво. Арсовска минатата година беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, а годинава со нов мандат за портпарол …

Арсовска избрана за портпарол за корупција на Конгресот на локални власти на СЕ Read More »

До ССМ не е стигнато барање од политичките партии за средба – работникот одлучува кој ќе ја води државата


До Сојузот на синдикати на Македонија досега не е пристигнато барање за средба од страна на политичките партии кои во изминатите денови остваруваат средби со стопанските комори. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска во одговор на новинарско прашање рече дека добро би било да се чуе и гласот на работниците затоа што повеќе од 750 …

До ССМ не е стигнато барање од политичките партии за средба – работникот одлучува кој ќе ја води државата Read More »

Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар


Во државава нема од производот „вафли Нестле Кит Кат Мини“ којшто е повлечен од хрватскиот пазар, информира  директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николе Бабовски.  – Производот повлечен од пазарот во Хрватска, во РАСАФ системот се уште не е нотиран. Нашите инспектори веќе се на терен и во поголемите ланци на маркети нема …

Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар Read More »

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата: „Живееме во необични времиња“


Изгледа дека ќе мора да се направи „негативна“ промена на нашите часовници за прв пат во историјата – но само за секунда. Имено, Земјата ротира малку побрзо од претходно, па за неколку години, околу 2029 година, ќе изгубиме една секунда; што се нарекува „негативна престапна секунда“. Нашите часови и минути се одредени од ротацијата на …

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата: „Живееме во необични времиња“ Read More »

Донесен Законот за извршување на санциите


Собранието со 78 гласа „За“ попладнево ги донесе измените и дополнувањата на Законот за извршување на санкциите, соопшти Министерството за правда. Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во казнено-поправните установи, создавање посигурна безбедносна средина како во затворите, така и генералнате и општата безбедност во државата, пред сѐ преку воспоставување на законска основа и …

Донесен Законот за извршување на санциите Read More »

Изјава за медиуми на Бранко Азески и Крешник Бектеши (во живо)


Изјави за медиуми на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и претставникот на ДУИ, Крешник Бектеши, по работниот состанок на Стопанската комора со претставници на политичката партија ДУИ.  

Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба за вакцинации и две нови амбулантни возила


Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот Дом во Охрид и Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“–Охрид. -Во изминатиот период, Здравствениот дом значително ги унапреди условите со реновирање на просториите во Службата за вакцинации, како и зголемување …

Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба за вакцинации и две нови амбулантни возила Read More »

Царинските службеници во Грција ќе одржат 48-часовен штрајк следната седмица


Дводневен штрајк за 2 и 3 април закажаа грчките царинските службеници, што ќе влијае и на сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од …

Царинските службеници во Грција ќе одржат 48-часовен штрајк следната седмица Read More »

Италијански џип, баран со Интерпол, се појави во селото Црн Врв


Во средата, во 15.40 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.Р.(39) од с.Црн Врв, општина Студеничани. При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото „џип компас“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, евидирало во базата на Интерпол како украдено. Тој бил …

Италијански џип, баран со Интерпол, се појави во селото Црн Врв Read More »