Филмска вечер пред „Рамстор мол“ – на репертоарот и два екодокументарци


Општина Центар и „Рамстор мол“ ја продолжуваат соработката во насока на збогатување на културниот и социјалниот живот на граѓаните. Затоа, оваа среда, на 12 јуни, со почеток од 19 ч, организираме филмска вечер пред платото на Трговскиот центар „Рамстор мол“. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува граѓаните на филмско дружење под отворено небо.

„Ги поканувам граѓаните да ни се придружат. Влезот е слободен. Ќе има lazy bags и столчиња со капацитет до 150 места за седење. Киното ‘Рамстор’ ќе го отвораме со два документарни филма од областа на екологијата – ‘Текстилна планина’ и ‘Велосипедски приказни’, а по нив ќе биде прикажан филмот ‘Француски бакнеж’. Ве очекуваме на филм, пуканки и добра забава со диџеј Alexandar Nk“, вели Герасимовски.

Проекциите на екофилмовите се дел од проектот „Младински активизам за позелени општини“ на Општина Центар, кој е поддржан од делегацијата на ЕУ, спроведен од Македонското здружение на младите правници, Go Green – „Биди зелен“, Центарот за климатски промени и Младинската асоцијација „Креактив Кавадарци“.