„Кроација ерлајнс“ откажа дури 12 летови неделно: Откриена и причината


„Кроација ерлајнс“ го намалува бројот на летови на одредени линии.

Како што е најавено, „Кроација ерлајнс“ мора да го намали бројот на летови на некои линии поради недостиг на флота.

Нивната нова линија меѓу Загреб и Тирана ќе биде отворена на 14 јуни, но поради оваа причина, првиот следен лет нема да биде пред 28 јуни.

Од 17 јуни летовите меѓу Загреб и Брисел ќе бидат намалени од десет на осум неделно, додека линиите за Сараево од 13 на 11.

Дополнително, ќе се намали бројот на летови до Дубровник и кон Франкфурт од сегашните 19 на 18, како и до Цирих. Намалени услуги ќе има и за Мостар и Скопје, така што оваа компанија ќе укинува вкупно 12 летови неделно, јавува Екс-ју Авиаотин њуз.