Жиру следната сезона ќе игра во американската лига


Оливие Жиру следната сезона ќе игра во американската МЛС лига. Прославениот француски репрезентативец веќе потпишал договор на една и пол година со Лос Анџелес. Напаѓачот во кариерата постигна 57 гола на 131 натпревар за Франција, а во новиот клуб ќе му се приклучи на долгогодишниот репрезентативен колега, голманот Хуго Лорис со кој го освои Светското …

Жиру следната сезона ќе игра во американската лига Read More »

ДИК: Заврши гласањето во казнените установи, на болните и раселените, во дијаспората се уште се гласа


Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни установи каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 2 147 гласачи, се затворени, а одѕивот изнесува 64 проценти, соопшти вечерва Државната изборна комисија. -Гласањето таму течеше без проблеми, а до 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1 380 гласачи или 64 проценти од запишаните, …

ДИК: Заврши гласањето во казнените установи, на болните и раселените, во дијаспората се уште се гласа Read More »

Ова е небото над Атина, сè е портокалово


Небото над јужниот дел на Грција денеска доби портокалова нијанса бидејќи облаците од песочна прашина, кои пристигнуваат од Северна Африка преку Средоземното Море, стигнаа и до Атина. Силните јужни ветрови носеа прашина од пустината Сахара и, откако стигна до атмосферата над Грција, Атина доби бои слични на оние на Марс во вечерните часови. Утре се …

Ова е небото над Атина, сè е портокалово Read More »

Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор


 Врховниот суд в четврток ќе одржи јавна седница по изјавената жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор. Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд по мераката притвор на таткото на Вања. –  Врховниот суд ја известува јавноста дека по изјавената жалба на …

Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор Read More »

Сунак и Туск: Дојде време Европа да се вооружи на координиран начин


Премиерите на Велика Британија и Полска, Риши Сунак и Доналд Туск денеска во Варшава оценија дека е дојдено време Европа брзо да се вооружи и итно да создаде тесно координирана безбедносна политика која ќе го опфати целиот континент од различни иницијативи во областа на одбраната и воената индустрија. „Разговаравме за растечките закани. Најавив најголемо зголемување …

Сунак и Туск: Дојде време Европа да се вооружи на координиран начин Read More »

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан


Пожар зафати попладнево дел од куќа во неготинско Долни Дисан, информацијата ја потврдија за МИА од Територијална противпожарна единица Неготино.  – Веднаш по дојавата, заминавме на лице место. За среќа, пожарот го зафати само долниот дел од куќата и нема поголеми штети, рекоа од Противпожарната единица. Оттаму појаснија дека интервенирале со две противпожарни возила и …

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан Read More »

Сунак: Велика Британија ќе ја доведе својата одбранбена индустрија на воена основа


Британскиот премиер Риши Сунак денеска за време на посетата на полскиот главен град Варшава рече дека ќе ја доведе одбранбената индустрија на земјата на воена основа, најавувајќи ново долгорочно финансирање од десет милијарди британски фунти (12,43 милијарди долари) за производство на муниција во контекст на руската инвазија на Украина. „Ќе ја доведеме британската одбранбена индустрија …

Сунак: Велика Британија ќе ја доведе својата одбранбена индустрија на воена основа Read More »

Во Франција утре штрајк на контролата на летање


Штрајкот на контролорите на летање планиран за утре се очекува да доведе до откажување летови низ Франција, додека синдикатите на контролорите на летање претходно ветија дека нема да има штрајкови оваа година поради Олимпијадата. Претседателот на главната организација која ги обединува компаниите за воздушен транспорт, Паскал де Изагире, денеска изјави дека за време на пролетниот …

Во Франција утре штрајк на контролата на летање Read More »

ЕУ воведува нови правила за поправки на уреди


  Европскиот парламент усвои нови правила со кои на европските потрошувачи им се обезбедува правото да поправаат производи за домаќинството и други производи. На пленарната седница во Стразбур, европратениците ја усвоија директивата за т.н „правото на поправка“ на потрошувачите со 584 гласа за, 3 против и 14 воздржани, објави Европскиот парламент. Правилата ги појаснуваат обврските …

ЕУ воведува нови правила за поправки на уреди Read More »

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март


Минималната синдикална кошница за април изнесува 60.212 денари и е за 1.214 денари повисока отколку во март годинава кога беше 58.998 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 75.587 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци …

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март Read More »

Сто години постоење на Институтот за јавно здравје


ЈЗУ Институт за јавно здравје го најави одбележувањето на 100 години од своето формирање, под мотото „Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија – 100 години чувар на вашето здравје“. – Основан пред еден век, ЈЗУ Институт за јавно здравје стои како темелник на превентивната здравствена заштита, посветена на служење на интересите и благосостојбата …

Сто години постоење на Институтот за јавно здравје Read More »

Моторџија удри во пешак на „Партизанска“


Вчеравечер, во 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.П.(27) од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ.(30) од с.Рашче, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ …

Моторџија удри во пешак на „Партизанска“ Read More »

Одборот за акредитација на високото образование почна со работа и средби со факултетите


Вчера се одржа втората седница на Одборот за акредитација на високото образование во просториите на Филозофскиот и Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„- Скопје. Од страна на Одборот беа формирани стручните комисии од соодветните научно-истражувачки подрачја според Меѓународната фраскатиева класификација: природно-математички науки; техничко-технолошки науки; медицински науки и здравство; земјоделски и ветеринарни науки; општествени науки; …

Одборот за акредитација на високото образование почна со работа и средби со факултетите Read More »

Со супер вештачење ќе продолжи судскиот процес за родилката од Дебар


Судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети за отстранувањето на три органи на родилката од Дебар Јилдз Веапоска ќе продолжи со супер вештачење, беше одлучено на денешното рочиште во Основниот суд во Струга.  Таквата одлука на судијата Јордан Јованов дојде поради …

Со супер вештачење ќе продолжи судскиот процес за родилката од Дебар Read More »

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово


Европскиот парламент денеска изгласа либерализација на визите за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната администрација на Србија, на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец. За безвижен режим за патување во ЕУ гласаа 406 од 597 европратеници  – до 90 дена за имателите на пасоши издадени …

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово Read More »

Oштетена гумената брана за наводнување на оризовите површини кај кочанското село Грдовци


Вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани утрово забележале намерно оштетување на гумената брана кај селото Грдовци, што се користи за зафаќање на водата од реката Брегалница и наводнување на околните оризови ниви. Непознат сторител со остар предмет ја исекол гумената обвивка во должина од околу половина метар, по што дошло до истекување на акумулираната …

Oштетена гумената брана за наводнување на оризовите површини кај кочанското село Грдовци Read More »

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1


 Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали. „Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок. „Ако го направиме тоа, сигурен сум дека …

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1 Read More »

САД сака да се снабди со гориво, ќе одобри продажба на „нечист“ бензин


Американската агенција за заштита на животната средина (ЕПА) повторно ќе одобри продажба на мешавини на бензин со висока содржина на етанол ова лето за да ги олесни потенцијалните прекини во снабдувањето поради конфликтите во Украина и на Блискиот Исток, покажа интерен документ. Кабинетот на претседателот Џо Бајден се подготвува да го продолжи периодот во кој …

САД сака да се снабди со гориво, ќе одобри продажба на „нечист“ бензин Read More »

ССК: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела


 Бизнисот не бил консултиран за владината одлука – приватните компании да не работат утре и на 8 мај, за време на претседателските и парламентарните избори.  Според Сојузот на стопански комори (ССК), тоа што среда е неработен ден, негативно се одразува и врз останатите четири дена во неделата. -Со нас, конкретно, за оваа одлука никој нема …

ССК: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела Read More »

На Плетвар живее редок вид пеперутка – македонска сивка (видео)


Карпестите ридови на Плетвар се единствениот дом на редок вид пеперутка, стеноендемит наречен македонска сивка. Името потекнува од бојата на нејзините крилја – особина што ја користи за да стане помалку видлива за предаторите. Последното истражување на терен, направено во 2012 година од тим на национални и меѓународни ентомолози, покажало намалување на популацијата на македонската сивка …

На Плетвар живее редок вид пеперутка – македонска сивка (видео) Read More »