Ова е небото над Атина, сè е портокалово


Небото над јужниот дел на Грција денеска доби портокалова нијанса бидејќи облаците од песочна прашина, кои пристигнуваат од Северна Африка преку Средоземното Море, стигнаа и до Атина.

Силните јужни ветрови носеа прашина од пустината Сахара и, откако стигна до атмосферата над Грција, Атина доби бои слични на оние на Марс во вечерните часови.

Утре се предвидува разведрување на небото поради ветровите и пад на температурите.

Небото во Грција стана жолто-портокалово, прашината од Сахара го зафати најмногу Пелопонез – Независен Весник (nezavisen.mk)