Солскјер: Не знам дали ќе останам во Јунајтед долго како Фергусон


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер не знае дали на „Олд Трафорд“ ќе остане толку долго како легендарниот Сер Алекс Фергусон. – Пред три месеци, заостанувавме 11 бода зад 4. место. Можеби во ноември или декември играчите не веруваа дека имаат шанса. Но, ако ја правиме нашата работа добро во останатите седум натпревари, тогаш …

Солскјер: Не знам дали ќе останам во Јунајтед долго како Фергусон Read More »

Поранешен косовски премиер предлага конфедерација на Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора


Поранешниот косовски премиер Бајрам Косуми предлага четирите „мали балкански земји“ – Албанија, Косово, Северна Македонија и Црна Гора, да формираат „модерна конфедерација“, во чија основа би биле заедничката дипломатија и војска, трговијата и слободниот проток на луѓе и стоки, јави дописникот на МИА од Приштина. Во авторски текст, што денеска го пренесуваат приштинските медиуми, Бајрами вели дека една …

Поранешен косовски премиер предлага конфедерација на Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора Read More »

Сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово, една жена загина


Во судар на две возила на наплатна рампа на автопатот Тетово – Гостивар утрово загина 51-годишна жена од Кичево, информираше Секторот за внатрешни работи – Тетово. Несреќата се случила  околу 6.45 часот. -На самата наплатна станица што е во близина на Тетово помеѓу две кабини се случи сообраќајната несреќа со две возила. „Мерцедес“ со охридски …

Сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово, една жена загина Read More »

Барние: Хаотичен Брегзит е се поверојатен


Хаотичен Брегзит, односно излез на Велика Британија од ЕУ без договор, е секој ден се поверојатен, изјави главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние. Таквата изјава на Барние доаѓа откако британскиот Парламент синоќа повторно не успеа да најде алтернатива за договорот за Брегзит, кој го предложи премиерката Тереза Меј. И покрај лошата прогноза, Барние …

Барние: Хаотичен Брегзит е се поверојатен Read More »

Ципрас и Заев правеа селфи пред Влада


Грчкиот премиер Алексис Ципрас пристигна во прва посета на нашата земја, а пред Владата го пречека премиерот Зоран Заев. Двајцата премиери направија историско селфи пред Владата. При пристигнувањето на премиерот Ципрас пред Владата во Скопје, не беа интонирани грчката и македонската химна, наводно поради доцнење на церемонијата.

Сведоштва на измамени: Ни денар не зедовме од „Допир“


Деца болни од церебрална парализа и Даунов синдром, кои се надевале дека ќе им помогне фондацијата „Допир“, чиј основач е Миле Шулевски, односно ќе собере пари за да заминат и да се излекуваат во странство, останале без ниту еден денар помош од фондацијата и добиле само загубено скапоцено време. Според сведоштвата на дел од измамените …

Сведоштва на измамени: Ни денар не зедовме од „Допир“ Read More »

Намален бројот на затвореници – смртноста во затворите највисока во Европа


Според извештајот за годишната  кривична статистика на Советот на Европа за 2018 година, објавен денеска, Северна Македонија го следи европскиот тренд за намалување на вкупната стапка на затворени. Додека на ниво на цела Европа стапката се намали за 6,6 отсто во периодот меѓу 2016 и 2018 година, поминувајќи од 109,7 на 102,5 затвореници на 100.000 …

Намален бројот на затвореници – смртноста во затворите највисока во Европа Read More »

(Во живо) Ципрас пристигна на скопскиот аеродром


Грчкиот премиер Алексис Ципрас изутринава пристигна на Аеродромот Скопје од каде ќе се упати кон Владата каде што ќе биде пречекан со државни и воени почести. Официјалната посета на Северна Македонија, прва на некој грчки премиер, Ципрас ќе ја почне со средба со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев. По тет-а-тет разговорите Заев – Ципрас и меѓувладиниот …

(Во живо) Ципрас пристигна на скопскиот аеродром Read More »

Посебен сообраќаен режим поради посетата на Ципрас


Поради  посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска од 9.30 до 20 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Град Скопје. Министерството за внатрешни работи во соопштение апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките од полициските службеници и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Заев: Очекуваме огромна економска корист од Преспанскиот договор


Северна Македонија ќе има огромна економска корист од Договорот од Преспа потпишан со Грција, оценува во интервју за Франс прес, премиерот Зоран Заев. Во пресрет на денешната официјална посета на неговиот грчки колега Алексис Ципрас на Скопје, Заев вели дека со него доаѓаат и многу грчки бизнисмени заинтересирани за инвестирање во земјава. -Доаѓаат претставници на …

Заев: Очекуваме огромна економска корист од Преспанскиот договор Read More »

Во авионска несреќа во Германија, загина Наталија Филева, една од најбогатите Русинки


Една од најбогатите Русинки, Наталија Филева, сосопственик на авиокомпанијата „Ѕ7“, загина во авионска несреќа во Германија. Филева (55) летала со мал авион „епик LT“ со шест седишта кој се урнал и запалил во неделата попладне додека се приближувал кон мал аеродром на 10 километри од Франкфурт. Загинаа три лица, а германските власти ја истражуваат причината …

Во авионска несреќа во Германија, загина Наталија Филева, една од најбогатите Русинки Read More »

Жичарницата на Водно од денеска работи до 18 часот


Жичарницата „Милениумски крст“ од денеска ќе работи до 18 часот, согласно утврдениот возен ред. Работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење од долу нагоре е во 17.30 часот, односно во 17.45 часот од горе – надолу. Жичарницата на Средно Водно работи секој ден, освен во понеделник и секој последен …

Жичарницата на Водно од денеска работи до 18 часот Read More »

Македонските граѓани преку интернет потрошиле 133,7 милиони евра


Македонските граѓани лани потрошиле 133,7 милиони евра онлајн и што е за 23,8 милиони евра или 17,8 отсто повеќе во однос на претходната година.  Повеќе се купувало од странски веб страни, но забележано е купување и на производи од домашни е-продавници од надвор. Анализата на Македонската асоцијација за е-трговија покажува дека граѓаните во текот на …

Македонските граѓани преку интернет потрошиле 133,7 милиони евра Read More »

Објавен Конкурсот за упис во средните училишта во 2019/2020


Министерството за образование и наука викендов го објави Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2019/2020 година за гимназиско, стручно, уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.   Првото пријавување и запишување на учениците ќе биде на 17 и 18 јуни 2019 година, а ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе …

Објавен Конкурсот за упис во средните училишта во 2019/2020 Read More »

Џафероски: Пироманството мора да се изедначи со тероризам


Со над 500 пожари во март, авионите на Дирекцијата за заштита и спасување многу често се гледаат на македонското небо. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, вели дека пожарите се подметнуваат смислено, за да се добие дрво за огрев, како и поради палење стрништа и сува трева. Бара ригорозни казни за потпалувачите, …

Џафероски: Пироманството мора да се изедначи со тероризам Read More »

Димитров во Вашингтон на состанок на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО


Шефот на дипломатијата Никола Димитров на 3 и 4 април ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, што ќе се одржи во Вашингтон. Ова е прв состанок на министерско ниво за надворешни работи на кој што, претставена преку министерот Димитров, нашата држава активно ќе учествува во својство на поканета …

Димитров во Вашингтон на состанок на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО Read More »

Владата ќе расправа за модернизацијата на „Ќафасан“ и ТЕЦ Битола


Владата на Република Северна Македонија денеска ќе одржи редовна седница на која ќе се расправа за повеќе предлог информации од областа на финансиите, економијата, земјоделството, здравството… На 128 седница, на предлог на Министерство за финансии ќе бидат разгледани информациите за реализација на проектот „Надградба на објектите за царинење и инспекциски органи на граничниот премин Ќафасан“ …

Владата ќе расправа за модернизацијата на „Ќафасан“ и ТЕЦ Битола Read More »

Скопје – Будимпешта – Виена: Дали Мицкоски го одминал Груевски?


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ деновиве патувал за Виена, преку Будимпешта, но не се сретнал со својот претходник на лидерската позиција во партијата, Никола Груевски, кој бегајќи од правдата во Македонија доби азил во Унгарија. По пат, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, бил следен од возило „бентли“, сопственост на братучед на премиерот Зоран Заев. Со вакви информации …

Скопје – Будимпешта – Виена: Дали Мицкоски го одминал Груевски? Read More »

Право на глас на претседателските избори имаат 1.808.131 граѓанин


Државната изборна комисија-ДИК денеска на седница го заклучи Избирачкиот список. Право да гласаат на шестите претседателски избори имаат 1.808.131 избирачи. Заклучениот Избирачки список, односно изводите од списокот на кој се гласа, ДИК треба да ги потпише 15 дена пред денот на изборите, односно најдоцна до 5 април. В недела напладне во просториите на ДИК тројцата …

Право на глас на претседателските избори имаат 1.808.131 граѓанин Read More »

Вонреден Самит на ЕУ за Брегзит


Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, свика на 10 април вонреден состанок на шефовите на држави и влади на ЕУ откако британскиот Парламент по третпат го отфрли договорот за Брегзит. Со отфрлањето на договорот за излез, Обединетото Кралство треба да ја напушти ЕУ на 12 април и изгледите за Брегзит за договор се поголеми од …

Вонреден Самит на ЕУ за Брегзит Read More »