Во авионска несреќа во Германија, загина Наталија Филева, една од најбогатите Русинки


Една од најбогатите Русинки, Наталија Филева, сосопственик на авиокомпанијата „Ѕ7“, загина во авионска несреќа во Германија.
Филева (55) летала со мал авион „епик LT“ со шест седишта кој се урнал и запалил во неделата попладне додека се приближувал кон мал аеродром на 10 километри од Франкфурт. Загинаа три лица, а германските власти ја истражуваат причината за несреќата.
Форбс го процени богатството на Филева на 600 милиони долари.
Повикувајќи се на полициски извори, германските медиуми наведуваат дека две лица загинале, а тројца се тешко повредени кога полициско возило кое со ротација одело кон местото на авионската несреќа, се судрило со друго возило, на неколку километри од местото на падот на авионот.
Тројца повредени биле во полициското возило, додека загинатите биле во друго возило.