Извадени и оштетени дел од ознаките на спомениците


Новата ознака што беше поставена вчера на споменикот на Филип Втори на скопскиот плоштад „Карпошово востание“ ноќеска е извадена и украдена, а на споменикот на Олимпија е оштетена. Оштетена е, но и натаму стои залепена, ознаката на споменикот на Александар Македонски на централниот плоштад во Скопје На ознаките, согласно Преспанскиот договор, на македонски, албански и …

Извадени и оштетени дел од ознаките на спомениците Read More »

Над 3.000 лица од државава ги испратиле своите имиња за мисијата „Марс 2020“


Вкупно 3,322 лица од државава досега ги дале своите имиња за да им бидат испратени на Марс со мисијата на НАСА, преку аплицирање на веб сајтот на американската вселенска агенција. Мисијата ќе биде во 2020 година, а одобрените имиња ќе бидат вметнати во микрочип што ќе се монтира на роверот „Марс 2020“. Лансирањето кон црвената …

Над 3.000 лица од државава ги испратиле своите имиња за мисијата „Марс 2020“ Read More »

Кои се руските херои кои со еден потег спасија 233 животи


За само неколку секунди, двајца пилоти успеаја да приземјат онеспособен авион „ербас“ во поле со пченка во близина на Москва и така спасија 233 животи. Откако јато птици ги сопреле моторите на авионот со 233 патници и членови на посадата, рускиот пилот Дамир Јусупов и копилотот Георги Мурзин морале брзо да реагираат. Секунди одлучувале за …

Кои се руските херои кои со еден потег спасија 233 животи Read More »

Дебарските комуналци ја прекинаа работата, без придонеси се 11 години


Вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандард“ ја прекнаа работата, во знак на незадоволство од несплатенте придонеси за 11 години. – Трпението веќе не напушти, со годни само попусто ветување сега ќе биде, утре ќе биде. Здравствено и пензиско осигурување не ни е платено цели 11 години. Иако прдонесите почнаа редовно да ни ги плаќаат од …

Дебарските комуналци ја прекинаа работата, без придонеси се 11 години Read More »

Камчев се повлекол од директорското место во „Орка Холдинг“


Бизнисменот Орце Камчев се повлече од раководните позиции во неговата „Орка Холдинг“, покажуваат податоците од Централниот регистар, пишува „А1он“. Тој се повлекол од директорското место, од извршен член на Одбор на директори, а останува единствено неизвршен член на Одборот заедно со неговата сестра Кристина Камчева Стојческа. На негово место како директор на „Орка Холдинг“ доаѓа …

Камчев се повлекол од директорското место во „Орка Холдинг“ Read More »

УЕФА бира Играч на годината меѓу Меси, Роналдо и Ван Дајк


УЕФА ги објави имињата на тројцата кандидати за Играч на годината за сезоната 2018/2019. Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 29 август во Монако. Жири од 80 тренери на екипи кои учествуваа во групната фаза од Лигата на шампиони и Лига Европа минатата година, како и 55 новинари, ги избраа тројцата играчи …

УЕФА бира Играч на годината меѓу Меси, Роналдо и Ван Дајк Read More »

Почна реконструкцијата и проширувањето на патот Хиподром – Илинден


Со поддршка на Владата, преку Центарот за развој на скопскиот плански регион, денеска почна реконструкција и проширување на патот Хиподром – Илинден. Проектот чини шест милиони денари, а средствата се обезбедени од Владата и општините Гази Баба и Илинден. Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски информира дека патот Хиподром – Илинден беше целосно оштетен, …

Почна реконструкцијата и проширувањето на патот Хиподром – Илинден Read More »

Се чистат улиците од отпад во Општина Чаир


Општина Чаир информира дека нивните служби за одржување на јавната чистота се на терен и ги чистат улиците од фрлениот отпад. Општинските служби за одржување на јавната чистота денеска работеа на улиците „Никола Малешевски“, „Август Цезарец“, „Ѓорѓи Поп Христов“ и „Методија Митевски“ во населбата Топанско Поле, на улиците „Максут Садик“, „Славеј Планина“ и „376“ во населбата …

Се чистат улиците од отпад во Општина Чаир Read More »

Демократии во опасност


НГЕИР ВУДС Со ненадејното одземање на специјалниот, уставно заштитен статус на Џаму и Кашмир, Индија стана најновата голема демократија која дејствува против малцинската заедница за краткорочна политичка популарност. Оттука, Кашмир ќе биде управуван директно од владата во Њу Делхи, а хинду-националистите се воодушевени. Внимателно одржуваните уставни аранжмани се во парчиња. Во меѓувреме, во Велика Британија …

Демократии во опасност Read More »

Од Западен Балкан лани во земјите од ЕУ заминале 228.000 лица


Од земјите на Западен Балкан во ЕУ само минатата година се доселиле 228.000 жители, покажуваат најновите податоци на Еуростат. Од Србија во ЕУ заминале 51.000 лица, а, сепак, најмногу заминале од Албанија – 62.000 и од БиХ – 53.000, пренесува подгоричкиот весник  „Вијести“. Од Косово лани се иселиле 34.500 лица, од Северна Македонија 24.300 и …

Од Западен Балкан лани во земјите од ЕУ заминале 228.000 лица Read More »

Непал ги заострува правилата за качување на Монт Еверест


Непалските власти планираат да ги заострат правилата за лицата кои се качуваат на врвот Монт Еверест поради високата смртност меѓу алпинистите во последната сезона, јави „Хималајан Тајмс“. Врвот Монт Еверест се наоѓа на Хималаите и е највисокиот врв на Земјата. Неговата височина изнесува 8.848 метри. Според официјални податоци, од почетокот на годинашната алпинистичка сезона во …

Непал ги заострува правилата за качување на Монт Еверест Read More »

Полицаец за мито од 200 евра поткажувал каде има полициски заседи


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави обвинителен акт против 20 лица, додека еден е во бегство и за него истражната постапката е запрена до негово пронаоѓање. „Групата е обвинета за кривично дело организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти …

Полицаец за мито од 200 евра поткажувал каде има полициски заседи Read More »

Сослушана шефицата на кабинет на Јанева


Во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска е сослушана шефицата на кабинетот на Катица Јанева, а во врска со истрагата за „Рекет“. Утре треба исказ да даде обвинителот од СЈО Бурим Рустеми, откако денешниот распит беше одложен поради судењето за случајот „ТНТ“ каде е претставник на обвинителството. Претходно искази за случајот дадоа …

Сослушана шефицата на кабинет на Јанева Read More »

Грозјето не е суровина на винарниците, туку производ на лозарите


Министерот за земјоделство Трајан Димковски денеска во Кавадарци треба да се сретне со лозари и винари, на закажаната средба во општинската зграда, каде ќе се разговара околу откупот на грозјето, за МИА информираат од Здружението ,,Напредни лозари”. Пред средбата, лозарите побараа поддршка од градоначалниците на петте општини од регионот. – Слушаме неофицијално дека визбите прво …

Грозјето не е суровина на винарниците, туку производ на лозарите Read More »

Шекеринска: Никој нема да добие политичка заштита


Оваа држава се промени и во оваа држава кога ќе се појават снимки никој не тврди дека се сечени, лепени и монтирани. Кога ќе се види криминал, институциите реагираат и двајца се веќе во притвор. Кога за првпат излегоа некакви информации, не во јавност, премиерот го пријави случајот, изјави денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, …

Шекеринска: Никој нема да добие политичка заштита Read More »

Од патарини годинава инкасирани 23,5 милиони евра


Јавното претпријатие за државни патишта од почетокот на годинава, па заклучно со јули, од наплата на патарина остварило приходи во износ од 1.434.012.792 денари (23,5 милиони евра) или за 3,97 проценти повеќе во однос на истиот период лани. Сите 10 наплатни станици годинава остваруваат раст во споредба со ланската година, но според остварениот приход предничат …

Од патарини годинава инкасирани 23,5 милиони евра Read More »

Момчето кое сакало да се разлади во Вардар најдено мртво


Момчето кое вчера околу пладне сакало да се разлади и влегло во реката Вардар кај демиркаписко Бистренци, пронајдено е мртво, потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Јавен обвинител наредил обдукција на телото. Со часови траеше потрагата по момчето од негови блиски и соселани, а крај Вардар присутна била и полицијата, се трагаше …

Момчето кое сакало да се разлади во Вардар најдено мртво Read More »

Османи: Северна Македонија има капацитет да го продолжи евроинтеграцискиот пат


Северна Македонија има и политички и институционален капацитет за да го продолжи патот кон полноправно членство со Унијата, и ние како Влада, остануваме посветени на овој процес сè до полноправно членството во Европската унија и НАТО, истакнал вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средба со претставници на „Големиот Комитет“ (Grand Committee) во рамки на …

Османи: Северна Македонија има капацитет да го продолжи евроинтеграцискиот пат Read More »

Се поставуваат ознаки на спомениците и се менува Сонцето од Вергина, согласно Договорот од Преспа


Започна поставувањето ознаки на спомениците, а се отстранува и Сонцето од Вергина од симболите на јавните институции и на јавните простори, но и од јавните објекти и површини, согласно Договорот од Преспа. „Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде …

Се поставуваат ознаки на спомениците и се менува Сонцето од Вергина, согласно Договорот од Преспа Read More »

Продолжува гаснењето на пожарот на Евија


Околу 400 пожарникари, војници и доброволци веќе трет ден го гаснат големиот шумски пожар во приватниот резерват на грчкиот остров Евија. Тие успеаја да ја ограничат огнената стихија, објавија грчките медиуми. Пожарот се гасне од копно и од воздух со канадери кои се обидуваат да го совладаат огнот во тешко достапниот кањон. Вкупно 12 канадери, …

Продолжува гаснењето на пожарот на Евија Read More »