Сослушана шефицата на кабинет на Јанева

Фото: Б. Грданоски

Во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска е сослушана шефицата на кабинетот на Катица Јанева, а во врска со истрагата за „Рекет“.

Утре треба исказ да даде обвинителот од СЈО Бурим Рустеми, откако денешниот распит беше одложен поради судењето за случајот „ТНТ“ каде е претставник на обвинителството.

Претходно искази за случајот дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, а највено е и дека Катица јанева ќе даде исказ, но не се знае кога.

Од ОЈО вчера соопштија дека истрагата за „Рекет“ се одвива со финансиска истрага во повеќе насоки како и декриптирање на содржините од одземените мобилни телефони и компјутери.