(Видео) Поставија камера за да снимаат сообраќај, сега гулаби им позираат


  Официјалниот Твитер профил „Transport for London”, кој објавува снимки од камерите за надзор на лондонските сообраќајници и не е некое место за забава, но тоа беше така се додека два гулаби не решија дека местото пред камерата е одлично за одмор. Двете птици станаа вирален хит откако почнаа често да слетуваат пред камерата која …

(Видео) Поставија камера за да снимаат сообраќај, сега гулаби им позираат Read More »

Трамп се заканува на Куба со ембарго поради Венецуела


  Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Куба дека ќе воведе нови санкции ако кубанските војници веднаш не ги сопрат, како што вели, воените операции во Венецуела. „Ако кубанската војска и милиција веднаш не ги сопрат воените и дури операции… На Куба ќе биде воведено потполно ембарго, заедно со најсилни санкции“, напиша Трамп на Твитер. …

Трамп се заканува на Куба со ембарго поради Венецуела Read More »

САД: Студент пукал во кампус, уби двајца, рани четворица


Најмалку две лица се убиени, а четири се ранети кога вооружен напаѓач отворил оган во зградата на кампусот на Универзитетот Северна каролина во Шарлот. Напаѓачот е идентификуван како студент, соопштија американските полициски службеници. Полицискиот шеф во кампусот Џеф Бејкер рече дека на повикот за пукање одговориле двајца, тројца полицајци, кои го разоружиле 22-годишниот Тристан Едуардо …

САД: Студент пукал во кампус, уби двајца, рани четворица Read More »

Брнабиќ: Разговорите во Берлин не се замена за Бриселскиот дијалог


Разговорите во Берлин на Белград и Приштина и најавените разговори во Париз на 1 и 2 јули, во присуство на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Маркон, не се замена за Бриселскиот дијалог, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ. Брнабиќ синоќа за ТВ Прва кажа дека по состанокот во Берлин, следен договорен состанок е …

Брнабиќ: Разговорите во Берлин не се замена за Бриселскиот дијалог Read More »

Мадуро во ноќното обраќање до нацијата: Пучот пропадна


Бунтот е задушен. Венецуела никогаш нема да се предаде на империјалистичките сили, изјави рано изутрина, по локално време, венецуелскиот претседател Николас Мадуро, опкружен со своите соработници од извршната власт и воениот врв. – Првата назнака за обид за државен удар ја откривме во вторник, околу 04.15 изутрина. Предводник беше фашистот Леополдо Лопез, но ние одговоривме …

Мадуро во ноќното обраќање до нацијата: Пучот пропадна Read More »

Со специјална апликација ќе се враќа ДДВ


Електронскиот систем за повратот на ДДВ на граѓаните е подготвен и во мај и јуни ќе се тестира, а за да го остварат ова право на граѓаните нема да им треба никаква електронска картичка или чување на фискалните сметки, туку едноставно со сликање на фискалната сметка и прикачување на посебна апликација. Ова го соопшти  премиерот …

Со специјална апликација ќе се враќа ДДВ Read More »

Заев дал оставка од Советот за судски реформи


Премиерот Зоран Заев на синоќешната трибина во Куманово, во рамки на претседателската кампања за поддршка на Стево Пендаровски, рече дека повеќе не е претседател на Советот за судски реформи. Овој одговор тој го даде на сугестија од посетител кој рече дека еден премиер не треба да предводи таква комисија. – Си дадов оставка од Советот …

Заев дал оставка од Советот за судски реформи Read More »

Новиот јапонски цар се обврза дека ќе биде симбол на единство


Јапонскиот цар Нарухито вети дека ќе ја исполни својата улога како „симбол на државата и единството”, во неговата прва јавна порака од преземањето на тронот. Обраќањето на 59-годишниот цар се случи денеска, откако официјално го започна своето владеење по куса, но симболична церемонија во Кралската палата, јави Би-Би-Си. Нарухито го наследи својот татко, 85-годишниот Акихито, …

Новиот јапонски цар се обврза дека ќе биде симбол на единство Read More »

Палитана – индиски град во кој живеат само вегетаријанци


Палитана е мал град во областа Бхавганар во Гујурат во Индија во кој сите жители се вегетаријанци. Во Палитана е забранета продажба на јајца и месо, како и убивање животни. Тој е прв потполно вегетаријански град на светот, а се смета за најсвето место за луѓето кои ја следат религијата џаинизам. Во градот има 863 …

Палитана – индиски град во кој живеат само вегетаријанци Read More »

Објавен видео запис „Воскресение во Бигорски манастир“


Во пресрет на Празникот над празниците, Воскресението Христово Велигден познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, објави видео запис „Воскресение во Бигорски манастир“. Бигорски манастир е божјиот храм во Македонија каде по првпат пред 11 години беше донесен Благодатниот оган. Пасхалната богослужба започнува со разгорувањето на кандилата и свеќите со Благодатниот оган и со трикратно …

Објавен видео запис „Воскресение во Бигорски манастир“ Read More »

Во Дебар Маало засадено дрво во чест на Горан Стефановски


Со засадување чинар и прикажување негови фотографии, интервјуа, предавања, во паркчето спроти Наџак / Идадија во неговото омилено Дебар Маало денеска на денот на неговиот родненден му беше одадена почит на еден од најголемите македонски драмски автори Горан Стефановски. Во присуство на неговото семејство и братот, гитаристот Влатко Стефановски, како и бројни пријатели, колеги, почитувачи, …

Во Дебар Маало засадено дрво во чест на Горан Стефановски Read More »

Леклер по излетувањето: Јас сум будала, будала


Пилотот на Ферари, Шарл Леклар удри со својот болид во оградата на патеката во Баку, за време на денешните квалификации за „Големата награда на Азербејџан. Возачот ја загуби контролата во осмиот круг и се „заби“ во заштитниот сид. Овој инцидент се случи во најтесниот дел од патеката. – Јас сум будала, будала, извика Леклер на …

Леклер по излетувањето: Јас сум будала, будала Read More »

Нови протести на Жолтите елеци по најавите на Макрон


Два дена по интервенцијата на шефот на француската држава Емануел Макрон како одговор на социјалната криза, Жолтите елеци се обидуваат оваа сабота повторно да го мобилизираат нивното движење низ целата земја, посебно во Париз и во Стразбур, јави дописникот на МИА. Неколку групи на Жолти елеци го почнаа меѓународниот протест во 13 часот на плоштадот …

Нови протести на Жолтите елеци по најавите на Макрон Read More »

Медведев го совлада Нишикори и обезбеди финале на турнирот во Барселона


Рускиот тенисер Даниел Медведев ќе игра во финалето на АТП турнирот во Барселона, по денешната победа над Кеи Нишикори од (Јапонија) во три сета – 6:4, 3:6, 7:5. Мечот траеше 2 часа и 26 минути. Во финалето, 23-годишниот Медведев ќе се сретне со победникот од дуелот Рафаел Надал (Шпанија) – Доминик Тим (Австрија). Наградниот фонд …

Медведев го совлада Нишикори и обезбеди финале на турнирот во Барселона Read More »

(Видео) Невреме во БиХ, град ги побеле улиците


  Дождот во Сараево и околните населби и градови паѓа со прекини, јавуваат босанските медиуми, но во Вогошќа околу 16 часот силно невреме донесе и крупен град. Улиците се побелени како среде зима, но бидејќи е топло, градот брзо се топи. Во Високо пак, невремето продолжува, каде има силен ветар и паѓа град. Метеоролозите велат …

(Видео) Невреме во БиХ, град ги побеле улиците Read More »

Албанската полиција уапси Косовец за грабежот на аеродромот во Тирана


Албанската полиција уапси Косовец поради вмешаност во „грабежот на векот“ што се случи на 9 април на аеродромот во Тирана, кога беа украдени повеќе милиони евра. Станува збор за Рагип Хајдини (50), познат како Даја (вујко). Тој е уапсен во неговиот стан во приморскиот град Каваја. Хајдини е шесто уапсено лице вмешано во грабежот, а …

Албанската полиција уапси Косовец за грабежот на аеродромот во Тирана Read More »

Џулија Робертс до сите жени: Престанете да обрнувате внимание само на убавината


Холивудската актерка Џулија Робертс неодамна упати апел до жените ширум светот да престанат да обрнуваат внимание само на својот физички изглед, туку да се посветат на својот природен изглед, својата природна убавина и она што навистина се. Таа смета дека на своја кожа искусила што значи секојдневно да се биде изложен на шминка, која и …

Џулија Робертс до сите жени: Престанете да обрнувате внимание само на убавината Read More »

Пет мртви во невреме во Мозамбик


  Најмалку пет лица загинаа во налет на циклонот Кенет во Мозамбик, а тоа е нов биланс, кој го соопштија локалните власти. Хуманитарните организации предупредија на можни поплави и лизгање на земјиште во наредните денови. ОКолу 3.500 куќи во североисточната област Кабо Делгадо се оштетени, а населението остана без струја, додека најмалку еден мост е …

Пет мртви во невреме во Мозамбик Read More »

Кирацовски за „црниот четврток“: Потребна е национална „интра-чистка“


Во пресрет на големиот христијански празник, Велигден, се будат сеќавањата за датумот кој остави колективна трага кај сите нас. 27 април (2017), претставува кулминациска точка на режимското владеење, но и симболот на пркосот, храброста и пожртвуваноста на група луѓе кои бранејќи го последниот бедем на демократијата, во себе ја носеа вербата во успехот и желбата …

Кирацовски за „црниот четврток“: Потребна е национална „интра-чистка“ Read More »

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска не го осудија упадот во Собранието


Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски ѝ забележа на неговата опонентка Гордана Силјановска-Давкова и партијата која ја поддржува дека не го осудиле упадот во Собранието од пред две години. – Пред две години на овој ден имавме една од најгрдите епизоди воопшто во историјата на модерна Република Македонија. Тој ден беше организиран упад во највисокиот законодавен дом …

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска не го осудија упадот во Собранието Read More »