САД: Студент пукал во кампус, уби двајца, рани четворица


Најмалку две лица се убиени, а четири се ранети кога вооружен напаѓач отворил оган во зградата на кампусот на Универзитетот Северна каролина во Шарлот.

Напаѓачот е идентификуван како студент, соопштија американските полициски службеници.

Полицискиот шеф во кампусот Џеф Бејкер рече дека на повикот за пукање одговориле двајца, тројца полицајци, кои го разоружиле 22-годишниот Тристан Едуардо Терел и го притвориле, пренесе Ројтерс.

Информации за мотивот за нападот не се соопштени. Нападот се случил последниот ден од одржување часови во оваа академска година.