(Видео) Невреме во БиХ, град ги побеле улиците


 

Дождот во Сараево и околните населби и градови паѓа со прекини, јавуваат босанските медиуми, но во Вогошќа околу 16 часот силно невреме донесе и крупен град.
Улиците се побелени како среде зима, но бидејќи е топло, градот брзо се топи.

Во Високо пак, невремето продолжува, каде има силен ветар и паѓа град.

Метеоролозите велат дека и во следните денови времето ќе биде нестабилно.