Трамп се заканува на Куба со ембарго поради Венецуела


 

Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Куба дека ќе воведе нови санкции ако кубанските војници веднаш не ги сопрат, како што вели, воените операции во Венецуела.

„Ако кубанската војска и милиција веднаш не ги сопрат воените и дури операции… На Куба ќе биде воведено потполно ембарго, заедно со најсилни санкции“, напиша Трамп на Твитер.

Додаде дека се надева оти кубанските војници веднаш и мирно ќе се вратат на својот остров.

Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон порано денеска ја обвинил Куба дека ја контролира актуелната власт во Венецуела.