Џулија Робертс до сите жени: Престанете да обрнувате внимание само на убавината


Холивудската актерка Џулија Робертс неодамна упати апел до жените ширум светот да престанат да обрнуваат внимание само на својот физички изглед, туку да се посветат на својот природен изглед, својата природна убавина и она што навистина се.

Таа смета дека на своја кожа искусила што значи секојдневно да се биде изложен на шминка, која и не е баш здрава за вашето лице.

– Совршенството е болест на многу нации. Ние ги покриваме нашите лица со тони шминка. Редовно користиме ботокс и се изгладнуваме заради иделаната големина. Се обидуваме да го исправиме тоа што апсолутно не е потребно да се поправа. А она со што треба да се занимаваме, останува без нашето внимание. Тоа е нашата душа. Душата, на која ѝ треба грижлива нега. Дојде време да се занимаваме со неа. Кажете ми искрено, како може да очекувате некој да ве засака, ако самите не се сакате себеси? АКо ја покривате надворешноста, зар може да се каже дека сте задоволни со самите себе? Не. Сакам да разберете: „Не е важно како изгледаш однадвор, ако си апсолутно празен внатре“ – напиша актерката во своето соопштение.

Таа откри дека по оваа изјава повеќе нема да користи шминка, а призна и дека е уморна од носење „туѓо лице“ и дека е време да го покаже своето со бори и без шминка.

https://www.instagram.com/p/BuT1aa9H-Y9/?utm_source=ig_embed