Леклер по излетувањето: Јас сум будала, будала


Пилотот на Ферари, Шарл Леклар удри со својот болид во оградата на патеката во Баку, за време на денешните квалификации за „Големата награда на Азербејџан.

Возачот ја загуби контролата во осмиот круг и се „заби“ во заштитниот сид. Овој инцидент се случи во најтесниот дел од патеката.

– Јас сум будала, будала, извика Леклер на клупското радио по уништувањето на болидот.

Тој беше самокритичен и вети подобро возење утре на главната трка.

– Бев бескорисен. Утре ќе се обидам подобро. Се извинувам на сите луѓе кои нè поддржуваат, а особено на тие од тимот.