Уапсен шефот на полицијата во Зубин Поток, косовските Срби го блокираат патот


Специјалните единици на косовската полиција, Росу, во акцијата што од утрово ја спроведуваат во општините со мнозинско српско население во северно Косово, го упасиле шефот на полициската станица во Зубин Поток, кој е од српска националност, меѓутоа за сега не успеваат да го спроведат пред истражните органи, јави дописникот на МИА од Приштина. Според информации …

Уапсен шефот на полицијата во Зубин Поток, косовските Срби го блокираат патот Read More »

Грантови од 1.200.000 швајцарски франци за проекти во осумте плански региони


Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и раководителите на Центрите за развој на планските региони денеска потпишаа  договори за реализација на 16 нови инвестициски и иновативни проекти кои што ќе се имплементираат во сите осум плански региони.  Вкупната вредност на проектите е еден милион и двесте илјади швајцарски франци. Средствата се обезбедени во рамките на …

Грантови од 1.200.000 швајцарски франци за проекти во осумте плански региони Read More »

Се бара воведување на нови 10 празници во Македонија


Ќе се воведат десет нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“. Свој ден за славење ќе добијат Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Египќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија. Ова е предлогот на група пратеници за измена и дополнување на Законот за празниците на Република …

Се бара воведување на нови 10 празници во Македонија Read More »

Димитров кај Пендаровски: Потребна е поконкретна соработка


Севкупните состојби во Република Северна Македонија, како и состојбите во регионот биле тема на денешниот разговор меѓу шефот на државата Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Никола Димитров.  На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателот, станало збор и за идната соработка меѓу двете институции.  –Претседателот Пендаровски и министерот Димитров се согласија за потребата од …

Димитров кај Пендаровски: Потребна е поконкретна соработка Read More »

Звршија субвенциите за велосипеди во Скопје


Јавниот повик за субвенционирање на купувањето велосипед за оваа година е затворен бидејќи се исцрпени предвидените финансиски средства, информираат од Град Скопје. Со тоа, барања за субвенции за велосипеди од утре, 28 мај, нема да се примаат. Како што информираат од Град Скопје, на јавниот повик досега се пристигнати 3.472 барања од граѓаните за субвенционирање …

Звршија субвенциите за велосипеди во Скопје Read More »

GP и Стефонатор во ЗОО Скопје за крајот на училишната година


За крајот на училишната година на 9 jуни во Скопје ЗОО ќе се организира забава со Стефонатор, Џи-Пи Денсерс Јунајтед. Со почеток во 13 часот, посетителите во Зоолошка градина Скопје ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со GP и STEFFONATOR, Јутјуб милениците на најмладите, а како специјални гости ги имаме и светските и …

GP и Стефонатор во ЗОО Скопје за крајот на училишната година Read More »

Градинките од Центар летово ќе згрижуваат ученици до 10-годишна возраст


Детските градинки на територија на општина Центар во текот на летниот распуст ќе згрижуваат ученици до 10-годишна возраст од основните училишта на територија на општината и тоа: ЈУДГОЦ “Р.Ј. Корчагин“ во објект “Палешка“ во ГТЦ  – група од 20-30 ученици ЈУДГОЦ “Кочо Рацин“ во матичен објект на ул. “Козара“ – група од 30 ученици ЈУДГОЦ …

Градинките од Центар летово ќе згрижуваат ученици до 10-годишна возраст Read More »

Романија: 3,5 години затвор за поранешниот премиер Драгнеа


Романскиот Врховен суд му ја потврди претходно изречената затворска казна на лидерот на владејачките социјалдемократи, Ливиу Дрангеа. Неговата партија претрпе тежок пораз и на неделните европски избори во земјата. Поранешниот романски премиер и лидер на Социјалдемократите, Ливиу Драгнеа ќе мора на издржување затворска казна од 3,5 години поради корупција. Драгнеа сега има рок од 24 …

Романија: 3,5 години затвор за поранешниот премиер Драгнеа Read More »

Бенон: Европските интеграции се мртви


„Откако на изборите за Европскиот парламент во Италија, Франција и во Британија, однесоа националистички и популистички партии, европските интеграции се мртви“, анализира поранешниот стратег на Белата куќа, Стив Бенон. Бенон смета дека резултатите од изборите покажуваат дека европскиот центар е урнат и дека тредиционалната десна и лева ориентација во политиката е заменета со битката на …

Бенон: Европските интеграции се мртви Read More »

Косовската опозиција се подготвува за уривање на Харадинај


Лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа ги собра денеска во партиското седиште пратениците на својата партија на состанок, кој се одржува зад затворени врати, јави дописникот на МИА од Приштина. Според некои косовски медиуми, тема на дискусија на партискиот претседател со пратениците е покренувањето иницијатива за гласање недоверба …

Косовската опозиција се подготвува за уривање на Харадинај Read More »

Пендаровски – Дивјак – Томиќ: Европски интегриран Балкан е важен предуслов за просперитетен регион


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Република Србија, Душанка Дивјак – Томиќ. На средбата, двајцата соговорници разговараа за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, како и за актуелните состојби во регионот. Претседателот Пендаровски изрази уверување дека традиционалното пријателство меѓу двете земји и натаму ќе се зајакнува …

Пендаровски – Дивјак – Томиќ: Европски интегриран Балкан е важен предуслов за просперитетен регион Read More »

СИРИЗА претрпе големи загуби во цела Грција, особено во северниот дел на земјата


По пребројаните 80 отсто од гласовите од вчерашните европски избори, картата на Грција е обоена во сина боја – бојата на опозициската конзервативна Нова демократија, со исклучок на шест изборни единици, што доволно говори за нејзината победа, но и за поразот на владејачката левичарска Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА). МИА ги анализира резултатите од евроизборите …

СИРИЗА претрпе големи загуби во цела Грција, особено во северниот дел на земјата Read More »

Украина: Затворениците се забарикадираа, штрајк поради лоша храна


Украинската полиција соопшти дека четворица затворски стражари се повредени во судирите со затворениците кои се забарикадираа во затвор во пристанишниот град Одеса. Се наведува дека Серхиј Шајхет, шеф на истражното одделение на полицијата во Одеса, на телевизија изјавил дека полицијата преговара со затворениците. Според претходните извештаи, неколку затвореници се повредени, а некои успеале и да …

Украина: Затворениците се забарикадираа, штрајк поради лоша храна Read More »

Квитова се повлече од „Ролан Гарос“


Чешката тенисерка Петра Квитова, поради повреда на левото рамо, се повлече од Грен слемот „Ролан Гарос“. Оваа одлука, 29-годишната тенисерка ја објави на „Твитер“. – Имам лоши вести за вас. Длабоко сум разочарана што не можам да учествувам на турнирот „Роланд Гарос“. Бев загрижен за болката во мојата лева рака неколку недели, а вчера беше …

Квитова се повлече од „Ролан Гарос“ Read More »

„Рено“ и „Фијат“ ќе се спојуваат за производство на електрични автомобили


Францускиот производител на автомобили Рено соопшти дека со интересирање ќе ги проучи условите на предложеното спојување со Фијат Крајслер Автомобили (FCA). „По внимателно разгледување на условите од пријателскиот предлог на FCA, бордот на директори одлучи со заинтересираност да ја проучи можноста за таа деловна комбинација, од аспект на зајакнување на производните основи на групацијата рено …

„Рено“ и „Фијат“ ќе се спојуваат за производство на електрични автомобили Read More »

Тројца каталонски сепаратисти добија столче во Европарламентот


Тројца каталонски сепаратисти, односно поранешниот каталонски претседател Карлос Пуџдемон, неговиот заменик Ориол Јункерас и поранешниот каталонски министер Тони Комин, од кои едниот е во затвор, а двајца се во бегство, освоија пратенички места во Европарламентот. Според првичните резултати, по преброени 85 отсто од гласовите, тројцата сепаратисти добија столче во Европарламентот. Јункерас е во затвор во …

Тројца каталонски сепаратисти добија столче во Европарламентот Read More »

Се реконструира улицата „Димитрија Чуповски“ во центарот на Скопје


Во следните 20 дена,  ќе се реконструира улицата „Димитрија Чуповски“ на должина од 240 метри, на потегот од крстосницата кај „Палома бјанка“ до крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“. Почетокот на градежните работи на оваа сообраќајница денеска го означи градоначалникот Петре Шилегов. – Денеска екипите на Град Скопје почнуваат да работат на две позиции – …

Се реконструира улицата „Димитрија Чуповски“ во центарот на Скопје Read More »

Натпреварот за зелени идеи е отворен до 2-ри јуни


Од 11-ти април до 2-ри јуни граѓаните кои сметаат дека имаат идеја за зелен, одржлив бизнис можат да аплицираат на натпреварот „Филантропија преку зелени идеи“. Здружението за социјални иновации „АРНО“ по петти пат го организира националниот натпревар за зелени идеи и ги охрабрува граѓаните да аплицираат со своја идеја за која можат да добијат 10.000 …

Натпреварот за зелени идеи е отворен до 2-ри јуни Read More »

(Видео) Прв пат снимена албино панда во дивината


Во кинескиот Национален природен резерват „Волонг“ снимена е албино панда, објавија од резерватот. Фотографијата е снимена со инфрацрвена камера во април, околу 2.000 метри над нивото на морето во југозападната кинеска покраина Сичуан. Ретката панда снимена е додека шетала во една бамбусова шума, пренесе CCTV. Снимената панда на телото нема никакви темни дамки, а очите …

(Видео) Прв пат снимена албино панда во дивината Read More »

ЕУ карванот тргна од Карпош


Основците од ООУ „Петар Поп Арсов“ се приклучија кон ЕУ карванот кој денеска тргна од скопската населба Карпош 4. Патувачкиот автобус на ЕУ, по повод Денот на Европа – 9. Мај, како дел од кампањата „ЕУ за тебе“,  кој започна од 20. мај во Куманово, ќе посети уште седум градови ширум нашата држава. Предводени од …

ЕУ карванот тргна од Карпош Read More »