Градинките од Центар летово ќе згрижуваат ученици до 10-годишна возраст


Илустрација

Детските градинки на територија на општина Центар во текот на летниот распуст ќе згрижуваат ученици до 10-годишна возраст од основните училишта на територија на општината и тоа:


ЈУДГОЦ “Р.Ј. Корчагин“ во објект “Палешка“ во ГТЦ  – група од 20-30 ученици
ЈУДГОЦ “Кочо Рацин“ во матичен објект на ул. “Козара“ – група од 30 ученици
ЈУДГОЦ “13 Ноември“ во објект “Парк“ во Дебар Маало – група од 20 ученици.

При поднесување на документи за прием на учениците во детските градинки треба да се приложи вакцинален статус со доказ за примена МРП вакцина.