Бенон: Европските интеграции се мртви


„Откако на изборите за Европскиот парламент во Италија, Франција и во Британија, однесоа националистички и популистички партии, европските интеграции се мртви“, анализира поранешниот стратег на Белата куќа, Стив Бенон.
Бенон смета дека резултатите од изборите покажуваат дека европскиот центар е урнат и дека тредиционалната десна и лева ориентација во политиката е заменета со битката на националистичките против глобалистичките сили, пренесе АП.
Народот „ги враќа своите земји“, истакнува Бенон и додаде дека тоа есамо почеток.
Според него, „супергрупата“ евроскептичните партии ќе го блокираат секој обид на продлабочување на интеграциите меѓу земјите на членките на ЕУ.
„Секој ден ќе биде како битката за Сталинград“, заклучи поранешниот стратег на белата куќа.