(Видео) Прв пат снимена албино панда во дивината


Во кинескиот Национален природен резерват „Волонг“ снимена е албино панда, објавија од резерватот.
Фотографијата е снимена со инфрацрвена камера во април, околу 2.000 метри над нивото на морето во југозападната кинеска покраина Сичуан. Ретката панда снимена е додека шетала во една бамбусова шума, пренесе CCTV.
Снимената панда на телото нема никакви темни дамки, а очите ѝ се црвени.
„Судејќи според снимките, падната е албино и е стара меѓу една и две години“, вели Ли Шенг, истражувач од Универзитетот во Пекинг и стручњак за мечки.
Открива дека ова е прва албино панда снимена во природата, а вели дека таа е силна, се движи стабилно од што се заклучува дека генетската мутација која довела до албинизам не ѝ го отежнала животот.
Резерватот сега планира да постави уште камери за да го следат развојот на оваа панда и интеракцијата со другите панди.